Македонија
Левица: Директорка во МОН блиска до Заев е одговорна за срамот со учебниците по математика
Последниот скандал со срамната математичка грешка повторно го разоткри неспособното работење на педагошката служба при МОН, Секторот за учебници и педагошко советување и Оделението за одобрување на учебници.
Педагошката служба при МОН е претворено во дувло на најматни зделки со учебниците, за кои МОН издвојува милиони евра народни пари за откуп на ракописи за учебници, нивна техничка обработка и печатење.
Оваа служба ја раководи директор избран директно од Владата, што само по себе укажува на партиската конотација на ова многу важно работно место.
На почетокот на годинава, втор мандат од Владата доби досегашната директорка на Педагошката служба во МОН, Вања Изова-Велева од Струмица, партиски човек и семеен пријател на Зоран Заев, која беше и директорка на струмичката гимназија во текот на неговиот мандат како градоначалник. Под неа е Раководителката на Секторот за учебници, која раководи сo цели две одделенија – едното за оодбрување на учебници, а другото за издавање и набавка- Хикмете Селмани.
Ова се само мал дел од пропустите на Педагошката служба на чело со Велева:
– распишан Конкурс во 2020 година за одобрување учебници по англиски јазик во деветгодишно образование, што воопшто не се реализира и резултираше со катастрофална веќе четврта учебна година без учебници по овој предмет;
– Конкурс во првиот квартал на 2023 година за избор на учебник за предметот Природни науки за 6-то одделение, со необјасниво продолжување на рокот пред самиот истек, што укажува на инсајдерски подесувања за да се удоволи на фаворизирани автори;
– Скандалозен тековен Конкурс за издавање учебници за 7-мо одделение, за кој сè уште не се објавени новите наставни програми на веб-страната на Бирото за развој на образованието, а кои програми авторите мора да ги следат за да аплицираат на конкурсот.
Милиони евра народни пари се издвојуваат за учебници, a нашите деца и наставниците добиваат учебници со катастрофални грешки, и покрај бирократските организациски структури (преполни со директори, раководители, советници) кои потпишуваат срамни решенија, и покрај правилниците и процедури кои барем на хартија треба да обезбедат квалитет и отчет за потрошените јавни пари – а не партиски договарања за избор на нивните фирми и автори! – се вели во соопштението од Левица испратено до медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прочка – празник на искреното меѓусебно простување кај православните верници
Денеска православните верници го слават празникот Прочка.
Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања.
Прочка е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците, пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на празникот се менува во зависност од датумот на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.
Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Според традицијата, прошка бара помладиот од постариот со зборовите „Прости ми“, а постариот одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.
Со Прочка завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.
Македонија
Променливо облачно со засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, во повисоките предели на северозападот можно е краткотрајно провејување на слаб снег.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека максималната дневна ќе биде меѓу 5 и 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со кратки сончеви периоди. Северниот ветер на моменти ќе засилува, особено во одредени делови од котлината. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Во текот на новата седмица се очекува стабилно време. Исклучок ќе биде вторник, кога кон крајот на денот, претежно во североисточните делови од земјата, се можни повремени локални врнежи од дожд. Утрaта ќе бидат постудени, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.

