Македонија
Левица: ДПМНЕ и ДУИ го продадоа езерото Mладост
На последната седница во Советот на Општина Велес, без никаква транспарентност, коалицијата од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заеднички изгласаа продажба на пет атрактивни парцели на велешкото езеро Младост. Парцелите се оттуѓени во 2022 година и мистерија е на кој начин општинскиот имот преминал во приватни раце, се вели во соопштението од Левица.
Од партијата додаваат дека градоначалникот Марко Колев се прави дека не е запознаен кој му го купил земјиштето, за кое самиот е надлежен. Иако Колев ветуваше дека во неговиот мандат ниту една парцела нема да се продаде покрај езеро Младост, очигледно нечии лукративни интереси преовладоа.
Како што се наведува во соопштението, сите еколошки здруженија од Велес и стручни лица беа едногласни дека не смее да се дозволи дополнителна урбанизација на крајбрежјето на езеро Младост, но тоа не го разубеди градоначалникот Колев!
Го повикуваме градоначалникот Марко Колев да излезе пред јавноста и да објасни како беше спроведена приватизацијата на овие парцели, што е предвидено да се гради и за чии бизнис-интереси одработува со неговата одлука, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

