Македонија
Левица: Железничарите на протест – Демири го доведе во колапс железничкиот сообраќај
Железничкиот сообраќај повторно е во колапс, откако работниците излегоа на протест поради тоа што се принудени да работат во нехумани услови без грееење. Дополнително, на работниците повторно им доцни платата за декември, додека од менаџментот нема никаква одговорност за ваквата катастрофална состојба во „Македонски железници Транспорт”, велат од Левица.
„Поради неодговорното менаџирање со претпријатието, синдикалната подружница на работилницата на влеча на возови во Скопје се заканува со целосна блокада на железничкиот сообраќај. Работниците во МЗТ се жалат дека поради отсуство на греење во работните простории, втора година по ред здравјето на вработените е нарушено.
Со ова претпријатие раководи кадар од Алијанса на Албанците, односно директор е Зуљхајрат Демири, кој беше назначен кога оваа партија одлучи да се приклучи на владината коалиција. За Демири во јавноста беше реагирано дека нема ни професионално искуство и соодветно образование за да раководи со ова значајно претпријатие, но очигледно за
Таравари поприоритетно беше да ги “награди” своите партиски кадри. Со месеци се толерира ваквото катастрофално работење на Демири, со постојано доцнење на платите на работниците и намалени линии на железничкиот сообраќај, без никаква грижа од Владата во заминување за патниците и стратешкото значење на овој вид сообраќај.
Јасно е дека партијата на Таравари, која целиот политички капитал го изгради претставувајќи се како опозиција на ДУИ, тотално се делегетимира со поддршката за криминалната влада на СДС и ДУИ и демонстрира комплетно немање капацитет да менаџира со клучните државни сектори.
На Владата во заминување, Левица ѝ порачува дека ваква катастрофална политика во сите сфери на државата нема во поновата современа историја и дека после 8-ми мај, граѓаните конечно ќе стават крај на погубното владеење на најнеспособната власт од АСНОМ до денес!“, се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на Ѓавато и во Крушево
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри утрово има на планинскиот премин Ѓавато и Крушево, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во неговото Министерството, а во која биле службеници од ДУИ кои биле отпуштени на 24 декември.
„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, напиша Стоилковиќ.
ДУИ претходно обвини за дискриминација поради тоа што од Министерството биле отпуштени седуммина Албанци.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).

