Македонија
Левица за новиот претседател на Граѓанскиот суд: Ни фотографија, ни биографија, само вест за љубовна афера
Денес, Судскиот совет за нов претседател на Граѓански суд Скопје го избра судијата Бесник Авдија, кој беше единствениот кандидат.
Од политичката партија Левица велат дека за единствениот кандидат, кој има две години искуство во Судот, нема никаква професионална биографија во медиумите, а и на сајтот на судот нема ниту негова фотографија. Единствената вест за овој судија, велат од партијата, се двете претставки кои се поднесени против него од граѓанин, а за наводна љубовна афера во просториите на Судот, за која постоеле и снимки.
„Претседател на Граѓанскиот суд Скопје во два мандати беше судијата Илир Сулејмани. До Левица постојано пристигнуваат жалби од граѓани дека судските постапки траат предолго и рочиштата се одложуваат без причина. Особено како неажурен суд го посочуваат Основниот граѓански суд Скопје, каде судските постапки траат со години. Ова го потврди и Судскиот совет, кој ги усвои пред една недела извештаите за работата на судовите за второто тримесечие за 2023 година, каде утврди дека Основниот граѓански суд Скопје е еден од неажурните судови.
Граѓаните се изложени на големи трошоци за да поведат постапка, која понатаму стои заглавена во судски лавиринти поради недостиг и неажурност на судиите. Судиите се често отсутни поради што се одложуваат постапките, а кога се во судница, поради наводно преголемиот обем на работа, не се заинтересирани да го завршат предметот експедитивно. Одговорност за ваквиот хаос, покрај претседателот во заминување – Илир Сулејмани, има и министерот Кренар Лога, кој наместо да промовира сериозни реформи во правосудството, тој со своите етно-трибалистички испади неуставно се обидуваше да воведе националност во изводите.
Левица во својата Програма предвидува низа мерки со кои правосудството ќе се ослободи од канџите на партизацијата и непрофесионалноста како: укинување на трајниот мандат на судиите и воведување ограничен мандат од девет години; воведување построги услови за избор на судии и поголем стаж за нивен постепен и скалест напредок; како и дефинирање на флоскулата „истакнат правник“, со цел спречување на нејзина идна злоупотреба при изборот на членови на правосудните тела“, велат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

