Македонија
Левица: Кој ги труе граѓаните на Аеродром, додека Тимчо шета по Америка
„Неколку вечери по ред, во ноќните часови несносна смрдеа и чад кој ги штипе очите и грлото ги буди граѓаните на општина Аеродром од сон. Најзагадената општина во Скопје, за која надлежните служби со години не лажат дека е резултат на греење на домовие во зимските месеци, среде лето се гуши во отров и никој од надлежните ни да мрдне со прст“, велат Левица Аеродром.
„Во ноќните часови кога нема индустрија, ниту сообраќај, ниту греење на домови, ниту познатата скопска магла граѓаните на општина Аеродром се гушат од отровен чад. Луѓето во паника бараат помош и информација, прашуваат каде да се обратат и кој е надлежен да го реши нивниот проблем.
За жал, немаат кому да се обратат, бидејќи градоначалникот на општина Аеродром -Тимчо Муцунски, кој откако “ги реши сите проблеми во општината“ сега е на екскурзија по Америка. Со каква цел е таму, само тој си знае, сигурно не да ги решава проблемите на граѓаните од општината за која тој е надлежен.
И во една ваква загадена општина, на Тимчо главен проблем му е како да го исполни ветувањето кон Голден Арт и како да подигне уште еден бедем од згради во населба Лисиче кој ке го запре проветрувањето и ќе го зголеми и онака големото загадување на општинат.
И додека цела Македонија се вознемири од случувањата на Онкологија никој не се прашува како една мала држава креира толку онколошки пациенти. Еден од начините е и овој со континуирано согорување на којзнае какви забранети материи, токсични, канцерогени, можеби медицински отпад??
Додека жителите на општина Аеродром се трујат, градоначалникот си прави екскурзии.
Но, советниците на Левица се будни и прашувааат
Кој ги труе аеродромци? Што гори во ноќните часови? Ќе се преземе ли нешто или треба граќаните да ја земат работата во свои раце“, прашуваат од Левица Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).
Македонија
Намалена видливост поради магла на патот Неготино-Демир Капија
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија, соопшти АМСМ.
За време на рехабилитација на државниот пат А2,секција од клучка Волково во должина од 250м во правец кон клучка Кондово поставена е сигнализација каде за сообраќај е затворена левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење(средна) и лентата за принудно запирање(десна лента).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

