Македонија
Левица: На обвинителна клупа да се најдат сите инволвирани во случајот со Онкологија
„Се повторува праксата најслабите кои биле инволвирани во криминалите да бидат единствените кои понесуваат одговорност за целиот случај! Во случајот со крадењето на лекови од онкологија, деновиве е актуелно судењето на фармацевтскиот техничар во болничката аптека на Клиниката за Онкологија по основ на земање мито за издавање на терапија.
Спрегата помеѓу криминалот, политиката и обвинителството никогаш не била појасна!
Секоја откриена информација за случувањата на Онкологија заслужува внимание на ОЈО, па така и оваа за фармацевтскиот техничар. Сепак не е доволно. Според информациите кои пристигнуваат секојдневно, еден голем дел од персоналот на клиниката знаел за криминалот или пак учествувал во криминалниот синџир за продавање на лековите. Во последните две недели Обвинителството не излезе со јасни обвиненија за сите за кои до сега се прибрани докази кои укажуваат дека биле дел од криминалната мрежа!
Пациентите сакаат одговорност, блиските на жртвите бараат правдата да ги стави позади решетки тие кои уништиле стотици животи, со што пак идните генерации би биле особено внимателни за последиците од неморални и непрофесионални медицински постапки!“
Соопштение на Левица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Кисела Вода урна дивоградба во населбата 11 Октомври
Денес, во населбата 11 Октомври, во Општина Кисела Вода, беше рушена дивоградба, по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти.
Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар.
„Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон. Законите мора да важат подеднакво за сите. Во мојот мандат ќе сe залагам за работење исклучиво според право и правда“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, посочувајќи дека институцијата ќе постапува одговорно за сите случаи каде ќе се утврдат нерегуларности во однос на објекти на територијата на општината.
„За секој објект кај кој ќе се утврдат неправилности ќе биде издадено решение за отстранување. Тоа е единствениот начин да воспоставиме ред и правичност и да го заштитиме јавниот интерес“, рече Стаменкоска – Трајкоска.
Македонија
Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници
Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е откажано.
Судијката Диана Груевска – Илиевска ги немаше сите адреси од оштетените и нивните застапници кои треба да бидат повикани на судење за да се изјаснат за оштетното побарување.
Судијката ги евидентираше сите оштетени и застапници на оштетените кои беа присутни, но кажа дека мора да ја одложи за утре закажаната главна расправа оти ќе треба повеќе време за судот да ги извести оштетените дека треба да дојдат на судење.
Следното рочиште ќе биде на 2 декември, а дотогаш судијката очекува освен завршување на судската достава за оштетените да бидат доставени и интегрираните обвиненија до сите обвинети како што побараа нивните бранители.
Македонија
Нова кривична пријава против ексградоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари
Полицијата поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“.
Според информациите на СВР Охрид, тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
„Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган“, велат од полицијата.

