Македонија
Левица објави: Ванковска собра 10.000 потписи
Политичката партија Левица објави дека професорката Билјана Ванковска, која е нивниот кандидат за претседател на државата ги собрала потребните 10.000 граѓански потписи.
„Професорката д-р Билјана Ванковска и официјално го доби легитимитетот да биде претседателски кандидат. Со собраните 10 000 потписи за рекордно време, конечно Левица и работниот народ на Македонија ќе имаат претседателски избори со избор“, велат од Левица.
Додаваат дека со тоа, партијата фронтално ќе се пресмета со СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а народот ќе има можност да избере претседател кој суверено ќе ги брани националните интереси на Македонија, наместо да биде марионета на странските амбасади и вазал на туѓите државни интереси.
Досега потребните потписи ги собраа Бујар Османи од ДУИ, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието
Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“.
Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.
Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.
„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“, велат родителите.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)

