Македонија
Левица: Работниците во ,,Македонски шуми“ гаснат пожари без опрема – чија е одговорноста?
„Пожарите веќе десетина дена беснеат низ државата. Иако последните години сè почесто се случуваат огромни пожори во летните периоди, држава никако не ја научи лекцијата. Пожарникарите оставени без соодветна техника и опрема, во број далеку под минималниот стандард со просечна старост од 36 години; нема обезбедено пилоти за ер – тракторите, а згора на сè, работниците во „Македонски шуми“ гаснат пожари, буквално, по влечки!“, велат од Левица.
„Дали можеше да се превенираат дел од пожарите? Колку хектари шума ќе беа спасени од огнената стихија доколку како држава поседуваме соодветна противпожарна техника? Зошто работниците се принудени сериозно да го загрозуваат својот живот поради необезбедувањето соодветна опрема од државата? И главното прашање: Kој ќе поднесе одговорност за целонастанатата ситуација?
Додека државата брутално гори, наместо прогласување на кризна состојба и вложување на максимум да се спречи еколошката катастрофа која ни се случува, во медиумите читаме за нови задолжување и државни обврзници, за прошетки на премиерот Мицковски од Вашингтон до Лондон, за пријавени поклони вредни стотици илјади евра од Владиниот секретар, но не гледаме никаков сериозен напор на централната власт за надминување на оваа пеколна криза!
Државата е доведена во состојба да не може да превенира и да се справува со пожарите во летниот период. За системската негрижа на ДПМНЕ и СДСМ и неинвестирање во системот за противпожарна заштита, данокот го плаќаат македонските шуми, планини и полиња!
Оваа состојба е последица на несовесното работење на владеачките елити, но и забавените и несоодветни реакции на Кризниот штаб изминатата седмица!
Потребно е итно ставање на сите ресурси во насока на локализирање на пожарот, а потоа – понесување одговорност за целата ситуација. Дополнително, неопходно е купување на нова противпожарна опрема, обука на пилоти за ер – тракторите и зголемување на бројот на пожарникари пред да се случат нови вакви катастрофи!“, се наведува во соопштението на Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

