Контакт

Македонија

Левица: Само со линеарно зголемување на пензиите ќе се заштитат најсиромашните пензионери

Објавено пред

Левица изразува поддршка на протестите што беа организирани од страна на пензионерите ширум Македонија.

dobivaj vesti na viber

Овие протести, смета партијата, се одраз на непрекинатата борба за социјална правда на нашите постари сограѓани, кои со години работа наназад придонесувале за државата, а моментално се соочуваат со предизвици во однос на финансиска стабилност и задоволување на основните човекови потреби.

„На 14-ти Август во Скопје, најавен е масовен протест, а нивните барања се минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари. Левица ќе застане рамо до рамо со пензионерите на 14ти Август во Скопје и ќе ги поддржи во борбата за пристоен живот“, велат од партијата.

Левица уште еднаш ја потврдува својата искрена борба за социјална правда и поддршка за пензионерите со цел достојна пензија.

Македонија

Талески: Интерепелацијата за Тошковски не е политика, туку прашање дали ќе опстои државата

Објавено пред

Господине Тошковски, вие сте 15 месеци веќе министер во МВР, и во овие месеци министерството го претворивте во комплетно нефункционално министерство, министерство со најголем број скандали, каде што преовладуваат селективноста, неказнивоста и целосно е нарушена безбедноста на граѓаните, му се обрати пратеникот од СДСМ, Миле Талески на министерот Тошковски.

dobivaj vesti na viber

Според него, гласот „за“ интерпелацијат на министерот Панче Тошковски не е прашање на политика, туку прашање дали ќе опстои државата, дали ќе има правда, безбедност и сигурност.

„Не е само истрагата за трагедијата во Кочани, која одзеде толку многу животи, иако непобитен факт е дека МВР потфрли на повеќе основи дента на пожарот како институција со клучна улога во обезбедувањето. Не бил направен оперативен план, не бил обезбеден просторот, не бил затворен објектот иако во него било регистрирано присуство на малолетници, не се реагирало за пиротехнички средства и многу други пропусти. Голем број осомничени, приведени и притворени лица од трагедијата во Кочани до денес е со цел да се разводнат сите случаи и да се одолговлекуваат до бескрај, да се создаде привид дека МВР и Владата се борат против криминалот и корупцијата. Но не е така. Ова е тежок популизам, препознатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Но, ајде да ја почекаме истрагата за да видиме дали и кој од надлежните командири, началници и заменик-командири на полицијата ќе бидат опфатени и кој ќе понесе одговорност“, рече Талески.

Тој заклучи дека Тошковски требал да понесе морална одговорност за трагедијата.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

Објавено пред

Од

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција!“ „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, ова се дел од транспарентите што ги носеа учесниците на маршот на семејствата на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се одржува во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Пред Јавното обвинителство тие побараа оставка од повеќе поранешни и актуелни функционери, обвинители, директори, градоначалници…

„Дали Зоран Заев е затворен, дали Крсто Муковски е затворен. Учесниците од 24 април 2017 може да ги прогласат за терористи со илјадници години затвор, а дали направиле некаква ревизија во дискотеката. Тие се соучесници затоа што го криеле криминалот. Вие сте узурпатори, не сте вие државата, ние сме државата. Ве плаќаме илјадници евра да правите криминали“, рече Владимир Апостолов, таткото на едно од загинатите деца.

Тој потоа читаше имиња и презимиња на актуелни и поранешни министри во МВР, во Министерството за економија, директори во Државниот пазарен инспекторат, директори во Дирекцијата за заштита и спасување, кои, според него, требало да бидат уапсени, а не се.

„Не знаат кој да апсат, имам список кои се највиновни – од Јавното обвинителство – господинот Коцевски, кој ќе го апси него, кој ќе го апси Љубомир Јовевски, дали се уапсени – не се уапсени. Панче Тошковски, кај се началниците што ги постави Тошковски. Дали се во затвор тие началници – не. Пред него Оливер Спасовски дали е приведен, не е, Наќе Чулев, Нухиу, Чавков, Јанкулоска – дали се уапсени – не. И министрите за економија, и директорите од Државниот пазарен инспекторат, и од Дирекцијата за заштита спасување. И градоначалниците на Кочани –  не знаеле за тоа што се случува? Барем една проверка да направеа, еднаш да санкционираат“, рече Апостоловски.

„Повикуваме сите да излезете од Собранието, пуштени се некои ботови од родителите да го контаминираат овој наш марш. Не плашете се, не сме вооружени, дојдовме со срце затоа што ни убивте сè, ама не нè убивте и нас. Партијата не ве плаќа, ние ве плаќаме, напуштете ја оваа институција, еден по еден да си одите дома кај вашите деца – не плашете се, не сме терористи, само одете си. Тешко ќе се докажело кој е крив, ако е тешко, ако не ве бидува, марш, гитла“, рече Апостоловски пред зградата на Јавното обвинителство.

Тој праша што повеќе може да ни земат од ова. „И нашите души ни ги зедоа со душите на децата“, рече Апостоловски.

Маршот продолжува кон Собранието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Исени на средба со бугарскиот амбасадор

Објавено пред

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во земјата, Жељаско Радуков.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа потврдени заложбите за одржување и унапредување на односите меѓу двете соседни земји, а особено беше потврдена одличната соработка меѓу министерствата за внатрешни работи, и исто така заеднички беше констатирано дека работат врвни професионалци.

Со посебен фокус се разговараше и за можностите за дополнително унапредување на веќе воспоставената плодна соработка како од аспект на билатералните договори така и оперативната меѓусебна соработка на Министерствата за внатрешни работи на двете земји. Притоа и заменик-министерот за внатрешни работи Исени и амбасадорот Радуков изразија безрезервна отвореност за нејзино натамошно продлабочување.

Воедно, на состанокот стана збор и за меѓусебната соработка во рамките на меѓународните организации и регионалните иницијативи, кои се од заеднички интерес и придонесуваат за одржување и зајакнување на регионалната безбедност, стабилност и просперитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“,...

Економија46 минути

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може...

Македонија1 час

Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатната кандидатка од регионот на Западен Балкан, кој може да стане нова членка на Европската Унија за...

Македонија1 час

ОПМ: Треба алатка за споредување на цените на производите за граѓаните да знаат каде може да ги купат поевтино, објавените списоци не се доволни

По објавувањето на списоците со цени на сите производи во маркетите, неопходно е да се направи нова алатка, која на...

Свет3 часа

Зеленски: Путин сака примирје само за време на неговата парада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот не сака да чека до 8 мај за најавеното примирје на рускиот претседател...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата

Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Дали станува збор за внатрепартиски договор,...

Македонија4 часа

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски, кој дивееше на скопските улици, а беше ослободен од...

Свет4 часа

Победа на либералите во Канада

Канадската Либерална партија, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, велат канадските медиуми,...

Свет5 часа

Шпанија и Португалија повторно имаат струја

Елекетричната енергија е обновена речиси целосно низ Шпанија и Португалија по вчерашниот масовен прекин што предизвика хаос во двете земји....

Македонија5 часа

„Марш за ангелите“ – семејствата на жртвите во пожарот во Кочани на протест во Скопје

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за денеска најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние заслужуваме одговори,...

Свет16 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на електричната енергија

Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба во земјата по денешниот прекин на електричната енергија. Шпанскиот оператор за електрична...

Македонија18 часа

Гаши засега ќе се воздржи од коментари за претседателката на Антикорупциска

Во врска со актуелните настани поврзани со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, од кабинетот на...

Свет20 часа

Прекинот на електричната енергија во Португалија и Шпанија предизвикан од редок атмосферски феномен

Португалскиот оператор на електричната мрежа – РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ги погоди Португалија и Шпанија е...

Македонија22 часа

Обвинителството ги кани на средба семејствата на жртвите од Кочани пред протестот најавен за утре

Јавното обвинителство кани на средба претставници на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои би сакале подетално да се...

Македонија22 часа

Палевски вели дека не се пријавил во полицијата во Баликесир оти секако ќе го нашле, се видел на сите вести во пицеријата додека пиел еспресо

Обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски, во судот одговараше на прашањата на обвинителите. Тој беше прашан зошто...

Свет23 часа

Путин најавува тридневно примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Нов скандал, братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Денеска објавуваме нов скандал. Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква...

Македонија1 ден

„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние...

Македонија1 ден

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против две лица, кои како...

Свет1 ден

Подготовките за избор на нов папа се во тек: исходот неизвесен од кога било досега

Подготовките за избор на нов папа се во тек, а исходот е понеизвесен од кога било, со оглед на тоа...