Македонија
Левицата: Скандалозен договор со контроверзна албанска фирма – Таравари го продаде паркингот на Клинички
„Министерот за здравство, Арбен Таравари, де факто го приватизира јавниот паркинг, лобирајќи албанска компанија да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје преку јавно-приватно партнерство во траење од 20 години! Со ова, Таравари стана епитет на политичка корупција, кој одработува за контроверзна фирма од странство“, велат од партијата Левица.
„Со ваквиот енормно штетен договор со фирмата „Ѓока Констракшн“, целиот приход ќе оди за компанијата, додека за државата ќе остане само 1%. Левица открива дека оваа компанија е поврзана со крупни скандали во Албанија, каде се спомнува и политичка корупција. Градежната компанија „Ѓока Констракшн“ била инволвирана во скандал поврзан со изградба на тунели, кои се урнале поради работа со неквалитетни материјали. Дополнително, оваа албанска компанија се спомнува и дека била дел од лобирање кај политичари од Албанија!
Скандалозно е што државата нема 10 милиони евра да инвестира во паркинг на Клинички центар, додека власта се задолжува со 500 милиони евра за предизборен поткуп на локалните избори.
Левица го предвиде ова сценарио и претходно поднесе амандман кон Буџетот за 2025 година со кој ќе се финансираше изградба на јавен паркинг, но, амандманот беше одбиен од ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ – партии кои очигледно имаат за цел да го уништат јавното здравство и да ги наполнат џебовите на своите бизнис партнери.
Левица јавно го прашува министерот Таравари: колку провизија добил од контроверзната албанска компанија за пациентите да плаќаат повисоки цени за паркинг?!“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

