Македонија
Левица: Судството на Кацарска пресуди во корист на градежната мафија за „Треска”
Со соопштение денеска се огласи и Левица, а во контекст на нивната иницијатива за преиспитување на ДУП-от кај поранешната фабрика „Треска“. Оттаму во соопштението што го пренесуваме во целост велат:
Заробениот Уставен суд, под водство на Кацарска, минатата недела ја отфрли иницијативата за преиспитување на ДУП-от кај поранешната фабрика „Треска” – со што го бетонизира последниот слободен простор во Центар и пресуди во интерес на градежните компании „Голден Арт” и „Мега Акустик”.
Експресната одлука на Уставен суд во корист на градежната мафија укажува за кого работат уставните судии! Потсетуваме дека Уставниот суд дури сега оформи предмет за Преспанскиот договор и за таканаречениот Закон за двојазичност – под изговор дека нема доволен број на судии?! Очигледно ова не важи кога е во прашање профитот на градежната мафија.
Ова е втор пат Уставниот суд да ги штити интересите на градежните компании. Првата скандалозна одлука, со која Уставниот суд го загрози јавниот интерес на жителите на општина Центар, е кога го укина мораториумот за градба и ја легализира бетонизацијата на нашата општина!
Скандалозниот ДУП за бетонизација на просторот кај поранешната фабрика ,,Треска” беше донесен за време на ДПМНЕ во 2012 година, додека Герасимовски од СДС го реализира овој незаконски и неуставен урбанистички план. Бидејќи ДУП се носи на секои пет години, Герасимовски наместо да иницира носење нов ДУП – одлучи да издаде решенија по катастрофалниот План од 2021 година.
Ова последно парче слободен простор за Центарци го узурпира градежната мафија, благодарение на цела коруптивна мрежа, составена од стечајни судии, советници, градоначалници, Обвинителство и Уставен суд.
Левица ќе ги искористи сите механизми за да се сочува последното зеленило во Центар!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

