Македонија
Лефков: Ограбена држава – Министерството за економија со СДС и ДУИ користено за Дрин Ахмети да прави милиони
Фирмата Еверест ЏД на Ахмети во период од 2016 до 2023 како концесионер на каменолом платила за 1.617.894 денари помалку за концесиски надоместок, од тоа што требало. Ова нема да било возможно без сега веќе обвинетите неколку лица вработени во Министерството за Економија под капа на Крешник Бектеши, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Важно е да се напомене, вели тој, дека оваа фирма на Ахмети лиценцата за експлоатација на минерални суровини ја добила во 2005 година, исто така во време на влада на СДСМ и ДУИ.
„За 11 години потоа исто во време на СДС и ДУИ, кога со Министерството за економија раководи кадар на ДУИ истата да може да експлоатира минерални суровини, без прецизно да ги наведе количините кои се ископани, а со тоа и да плати помалку кон Буџетот. Очигледно е дека пипците на Ахмети оделе длабоку, па за непречено да работи Дрин, да копа колку сака, и плати колку сака, а не толку колку што мора, својата службена положба ја злоупотребиле Ф.Ч. (54) од Дебар, Е.Љ. од Теарце-Тетово, Ј.К. од Тетово, А.М. од Скопје, К.Ш. од Скопје, Ф.А. од Куманово, и Ф.Р. од Скопје. Истите заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата”, се гонат по чл.353-в од КЗ“, рече Лефков.
Додаде дека доколку тие постапеле согласно закон, концесијата за експлоатација на Дрин Ахмети требало да биде одземена, а тој да биде изведен пред суд по пријава на самото министерство. Но како министерството на Крешник Бектеши да го гони внукот на Ахмети, кој таму го поставил, вели Лефков.
Пратеникотповика на одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

