Македонија
Либералната партија ги повикува граѓаните да го поддржат референдумот

Свесни за предизвиците при имплементацијата на преспанскиот договор, но и за потребните чекори за остварување на националните стратешки цели, Либералната партија сака да даде придонес кон донесувањето на тешката, но правилна одлука за сегашноста и иднината на државата и граѓаните низ позитивно изјаснување на референдумот.
По опсежни консултации, Извршниот комитет на Либералната партија одлучи да ги повика граѓаните да ја искористат можноста на 30 септември да го поддржат патот на Република Македонија кон НАТО и ЕУ, соопшти партијата.
,,Немаме дилема дека убедлива волја на македонските граѓани од сите припадности е земјата да биде членка на овие два сојузи.Либералната партија цела деценија предупредуваше дека оваа одлука треба да се донесе низ институциите, без поделбите што неминовно ги предизвикува референдумскиот процес дизајниран од Груевски за избегнување на одговорноста од политичко водење и одлучување.Но, во вакви околности никому не му е сеедно и ниту еден политички субјект ниту поединец не може да остане без став”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.