Македонија
„Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во СОС „Детското село“
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. Донацијата е со цел да го разубави и да го развесели празничниот период, кога се слават големите верски празници: Велигден и Рамазан Бајрам.
Секое дете заслужува да ја почувствува топлината, грижата, надежта и радоста што ги носат овие празници.
Донацијата содржи над 40 едукативни играчки, друштвени игри, музички инструменти, глобуси, сложувалки и коцки за деца од сите возрасти. Во донаторскиот пакет се вклучени и интерактивни и дидактички предмети што ја поттикнуваат креативноста и интелигенцијата и помагаат во когнитивниот и психомоторички развој кај најмладите. Станува збор за играчки и едукативни производи од познатите брендови „Кварчети“, „Коби“, „Технодидактика“ и други. Во хуманитарниот пакет се вклучени и книги, како и изданија за странски јазици.
Организацијата „СОС Детско село“ поддржува згрижувачки семејства, каде што деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом, љубов и стекнуваат чувство на припадност и сигурност.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

