Контакт

Македонија

Ловџија застрела маж во шума во Кичево

Објавено пред

Ловџија во шума во Кичево застрелал маж мислејќи дека е животно. Тој е осомничен за кривично дело – тешки дела против општата сигурност. Повредениот се наоѓа во критична состојба.

dobivaj vesti na viber

„Осомничениот завчера, вршејќи криволов во шума во Кичевско, убеден дека забележал животно, испукал еден куршум од пушка. Притоа погодил едно оштетено лице нанесувајќи му огнострелна повреда од животозагрозувачки карактер во пределот на абдоменот. Повредениот е хоспитализиран и сè уште се наоѓа во тешка здравствена состојба“, велат од Обвинителството.

Со цел утврдување на фактите за настанот, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за вештачење на трагите од крв и на патронот пронајден на местото на инцидентот, наредба за претрес на домот на повредениот, како и наредба за вештачење на одземеното оружје. Обвинителот до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

Објавено пред

Од

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење. СДС си ја користеше Еразмус + како своја приватна фондација. Да ја потсетиме јавноста и за скандалот во кој Димова и Заев доделија два проекти на братот на пратеникот Диме Велковски во висина од над 200 илјади евра, обвини Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според него, СДС и Заев преку Димова и Еразмус + доделиле неверојатни 83 илјади евра за дресура на магариња.

„Нешто невидено и невообичаено, но сепак за СДС и нивното владеење, ништо ново. Проектот беше доделен на брат на пратеникот на СДС, Диме Велковски. СДС тука не запреа, покрај дресурата на магариња, доделија и дополнителни 125 илјади евра од Агенцијата Еразмус +, токму на братот на пратеникот Диме Велковски за проектот „Избери сирење’’. Заев и СДС преку Димова се изживуваа и го цедеа Буџетот на Агенцијата Еразмус +. Проекти се делеа на ним блиски луѓе, на судии, професори, браќа на пратеници. Ниту еден проект не помина незабележителен од страна на Европската заедница и од јавноста. Тоа говори дека СДС, Димова и Заев, не си ја вршеле чесно работата. Затоа е тука и обвинителството кое воедно повторно го повикуваме наместо да ги штити нивните платеници, да ја донесе конечно правдата во државата’, рече Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВЛЕН: ДУИ е приватна партија на тазе богаташи

Објавено пред

Од

ДУИ ја губи поддршката меѓу граѓаните. Од избори на избори, ДУИ бележи континуирано намалување на бројот на пратеници и градоначалници. Граѓаните на секои избори сѐ појасно ја испраќаат пораката дека не сакаат повеќе да бидат управувани од корумпирана и истрошена структура. Наместо доверба, ДУИ се соочува со масовно разочарување и гнев кај своето гласачко тело, реагираат од ВЛЕН на обвинувањата од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„ДУИ е скоро без кандидати во албанските средини. На овие локални избори, ДУИ нема свои кандидати во најголем дел од општините каде што Албанците се во огромно мнозинство – Гостивар, Струга, Сарај, Дебар, Врапчиште и многу други. Тие целосно се повлекоа од местата што се симбол на албанското политичко организирање. Таму каде што сѐ уште имаат кандидати, и самите знаат дека ќе изгубат. Ова е најјасниот доказ за длабоката политичка криза во која западна оваа партија.

Се намалуваат и коалициските партнери. ДУИ некогаш се претставуваше како фактор на обединување. Денес е напуштена од речиси сите сериозни коалициски партнери. Секојдневно политички партии и поединци ја напуштаат нивната коалиција, разобличувајќи ги погрешните политики и коруптивните практики на раководството на Али Ахмети. Со ДУИ останаа Данела Арсовска, Левица и неколку поткупени албански политичари“, велат од ВЛЕН.

Според коалицијата, ДУИ е претворена во приватен бизнис и повеќе не е политичка партија, туку приватен бизнис на мал број луѓе од врвот на раководството.

„Тие изградија сопственички империи во енергетскиот сектор, трговијата, нафтениот бизнис, градежништвото и недвижностите. Политичките позиции се користеа за лично збогатување, додека граѓаните остануваа без решенија за своите проблеми. Со оваа партија останаа само оние што се уценети или потплатени. Народот веќе подолго време ја казнува ДУИ. Изборите се најверодостоен репер за политичката сила. На претстојните локални избори ДУИ нема да освои ниту една значајна општина. Нивната линија на политички пад трае со години и тоа е неповратен процес. Граѓаните, и особено Албанците, конечно ја препознаа вистината: дека ДУИ не е алатка за развој и еднаквост, туку пречка и товар за нивниот напредок“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од утре, прскање против комарци во Скопје

Објавено пред

Од

Градот Скопје известува дека на 19.08.2025 година (вторник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и против ларви од комарци.

dobivaj vesti na viber

Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19.08.2025 година (вторник) до 22.08.2025 година (петок), од 22 до 03 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија20 минути

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија1 час

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија1 час

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет2 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет4 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија4 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија5 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет7 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет7 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет7 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет7 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет17 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија19 часа

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет20 часа

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ21 час

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ1 ден

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет1 ден

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија1 ден

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...