Македонија
Магливо и студено време, од утре снег и дожд

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северен, а во југоисточните делови умерен северозападен ветер. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и студено време, а само попладне се можни кратки сончеви периоди, соопшти УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје, претпладне магливо и студено, попладне умерено облачно со слаба магла.
Најмногу снег има на Попова Шапка каде е формирана нежна покрива од 19 сантиметри.
Утре кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и во вторник претпладне, а поради спуштање на студена маса од север, ќе преминат во снег и на некои поиски места, особено во северните делови.
Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно со ниски утрински температури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.