Македонија
Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам
Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според „Транспаренси интернешнл“ (ТИ). Корупцијата има негативно влијание врз заштитата на климата и демократските стандарди.
Рекордни топлотни бранови, поплави, шумски пожари – додека порастот на екстремните временски настани ги става во опасност климатските цели, еден клучен фактор често останува незабележан. Тоа е корупцијата. Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година открива дека во многу земји поткупот и злоупотребата на моќ или позиција масовно ги попречуваат напорите за заштита на климата. Во контекст на рекордното глобално затоплување, со поткопувањето на демократијата и намалувањето на глобалните напори за заштита на климата светот е однесен во ќош, според истражувањето на ТИ.

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција заедно со Казахстан, Суринам и Виетнам.

Највисокорангирана и годинава останува Данска со 90 индексни поени по што следуваат Финска со 88, Сингапур со 84 поени, Нов Зеланд со 83 и Луксембург со 81 поен.

На последно место е Јужен Судан со 8 индексни поени, а пред него се Сомалија со 9 и Венецуела со 10 индексни поени.

Од земјите во регионот најдоброрангирана е Грција, која е на 59. позиција, а најлошо Босна и Херцеговина, која е на 114. позиција.
Албанија е на 80. позиција, Косово е на 73. позиција.
Србија е на 105. позиција, а Хрватска има пад од 3 поени и е на 63. позиција. Бугарија бележи пад од 2 поена и е на 76. позиција.
Црна Гора стагнира и е на 65. позиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

