Македонија
„Македонија-Блокира“ со блокада на патот Охрид-Струга: Сплотени се бориме против уставните промени

„Македонија-Блокира“ вчера учествуваше на протест во Прилеп со Здружението „Прилепски бранители“, а денес, недела е на блокада на патниот правец Охрид – Струга кај Мислешево во периодот од 13:00 до 16:00 часот, информираат од ова движење.
Со овие активности „Македонија – Блокира“ ги стартува најавуваните протести и блокади надвор од Скопје и во други градови низ Македонија.
„Македонија- Блокира го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско. Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме Mакедонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ“, се наведува во соопштението.
Од таму додаваат дека ова битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа, според нив, се избори без Зоран Заев како премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.