Македонија
Македонија го одбележува 8 Септември – Денот на независноста

Македонија денеска одбележува 27 години независнот, по успешно спроведениот референдум во 1991 година кога македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Денешниот ден граѓаните ќе го одблежат со низа настани и прослави во организација на институциите. По повод Денот на независноста денеска собраниска делегација ќе положи цвеќе на гробиштата во Бутел, а во Собранието ќе биде врачена и државната награда „8 Септември“, која се доделува за животно дело и признание за остварување во областа на спортот.
Прослава ќе има и на платото пред зградата на Владата. Владата на 86-та владина седница која се одржа пред неколку дена донесе одлука по повод 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија, да се организира прослава на платото пред зградата на Владата со пригодна културно – уметничка програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.