Македонија
Македонија е во последните 5 земји во Европа по безбедност во сообраќајот
Според анализите, во споредба со 32 земји во Европа, Македонија е меѓу последните 5 земји по безбедност на сообраќајот. Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, тоа било аларм надлежните серизно да се зафатат со оваа проблематика и вети дека во следниот период ќе бидат најдени конкретни решенија со кои ќе се подобрат условите на патиштата и ќе се зголеми безбедноста.
Сугарески рече дека во земјите од ЕУ има во просек 5,2 жртви во сообраќај на 100.000 жители, а во Македонија има 7,1 жртви во сообраќајот на 100.000 жители. Поради ваквите загрижувачки бројки, министерот рече дека се јавила потребата да се формира една водечка институција, односно извршно тело, кое ќе има крајна одговорност и задача за подобрување на безбедноста и намалување на бројот на жртви на патиштата во Република Македонија.
Тој истакна дека веќе е формирана работна група која до крајот на 2018 година ќе даде конкретен предлог за формирање агенција за управување со безбедноста на сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

