Македонија
Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ и покана за НАТО, сметаат Османи и Димитров
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваа на работна средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија, организирана од страна на амбасадорот на Република Бугарија во земјата, Иван Великов Петков. Тема на состанокот беа политичките состојби во врска со евроинтегративните процеси во Република Македонија, а во контекст на пораките и заклучоците од софискиот самит посветен на Западен Балкан.
„Владата на Бугарија, премиерот Бојко Борисов, и воопшто бугарската држава, ги заслужуваат сите честитки за успехот на софискиот самит, но и за севкупните напори што изминатиов период резултираа со целосна актуализација на процесот на проширување на Западен Балкан во рамките на Европската Унија“, изјави Османи на почетокот од средбата упатувајќи директни пораки на благодарност до домаќинот, амбасадорот на Бугарија, Иван Великов Петков.
Османи додаде дека Република Македонија изминатава година во целост беше посветена на евро-атлантската агенда, притоа успешно имплементирајќи го планот 3-6-9, со што повторно се врати довербата како на граѓаните така и на меѓународните партнери во европската перспектива на земјата.
„Нашиот фокус останува реформската агенда и набргу излегуваме со нов план 18, со кој ќе ги адресираме сите потребни реформи што произлегуваат од извештајот на Комисијата, водечките иницијативи на стратегијата, заклучоците од софискиот самит, но и сите други релевантни извештаи кои се во насока на евро-атлантските процеси“, изјави Османи додавајќи дека Македонија на дело ја демонстрира својата сериозност и зрелост, што очекува да резултира со одлука на Европскиот совет во јуни за почеток на пристапните преговори, како и покана за НАТО подоцна на самитот во јули.
Во сличен контекст пред амбасадорите свое обраќање имаше и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
„Следните недели се од особена важност за евро-интегративните перспективи на Македонија. Се наоѓаме пред одлучувачки момент кој траба да ја признае способноста на земјата да се справи со најголемата чувствителна политичка ситуација во последните 15 години. Дополнително, постои јасна потреба да се демонстрира сојузништво и заеднички да се построиме во вистинскиот правец“, изјави Димитров потенцирајќи дека дошло време Република Македонија заслужно да го започне европското патување со цел, од една страна, да се трансформира во силна европска демократија и да се натпреварува во реформите и во економијата со другите земји, а од друга, заедно со своите партнери да се бори за справување со домашните и глобалните безбедносни предизвици.
Во продолжение министерот Никола Димитров се осврна на придобивките од одржувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија и ја поздрави намерата на Хрватска да биде домаќин на следниот самит во ваков состав за време на претседавањето со Советот на ЕУ во 2020. Демонстрираното единство на лидерите од земјите членки во ЕУ и лидерите од земјите од Западен Балкан уште еднаш ги потврди перспективите на регионот. Димитров повика силните пораки за поддршка да се стават во пракса: „Република Македонија демонстрира искрен пристап и сериозност за што е потребна соодветна валоризација на јунскиот состанок на европскиот совет преку одлука за почеток на преговорите, како и покана за членство во НАТО на самитот во јули“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

