Македонија
Македонија и Албанија со заеднички проект на преминот Ќафасан, кој ќе го преполови времето на чекање
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска, во Поградец, Албанија, оствари работна средба со албанскиот колега, Сандер Лешај.
Како што информираат од МВР, двајцата министри ја потенцирале одличната соработка меѓу полициите на двете земји, особено меѓуграничните полиции.
„На средбата стана збор и за воведувањето заеднички контроли на надлежните органи на Македонија и Албанија на патниот граничен премин Ќафасан, што ќе овозможи забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства. Ваков проект т.н. One stop control е во завршна фаза пред имплеметација со Србија, на граничниот премин Табановце, а од примерите во земјите каде што веќе функционира евидентно е дека се преполовува времето на чекање на граѓаните, а се штедат и ресурси“, стои во соопштението на ресорното Министерство.
Спасовски и Лешај договориле соработката меѓуграничните полиции на двете држави да продолжи и во иднина на сите нивоа, пред сè, преку редовно одржување состаноци, размена на искуства и корисни информации за подобрување на ефикасноста на граничното управување, спречување илегални миграции и сите форми на прекуграничен криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

