Македонија
Македонија и Косово потпишаа договор за реципрочно признавање на возачките дозволи
Министерите за внатрешни работи на Македонија и Косово, Оливер Спасовски и Екрем Мустафа, денеска во Приштина потпишаа договор за реципрочно признавање на возачките дозволи.
Двете држави реципрочно ќе ги признаваат возачките дозволи на возачите што имаат законски престој на територијата на едната или другата држава. Воедно, граѓаните што имаат регулиран престој, ќе може, без обврска за полагање теоретски и практичен дел од возачкиот испит, да ја заменат својата возачка дозвола за возачка дозвола од истата категорија и поткатегорија на другата држава.
При исполнување на ова свое право граѓаните ќе треба да ја почитуваат административната процедура во согласност со пропишаните национални законодавства на двете држави.
Ваков договор пред неколку месеци беше потпишан со Германија, а претходно и со Италија, Шпанија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Освен со овие држави, во тек е процедурата за потпишување договор за признавање и замена на возачки дозволи и со Турција, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

