Контакт

Македонија

Македонка сакала да лета за Милано со четири „ролекси“, маж слетал од Истанбул со пет „ајфони“ – Царината заплени повеќе вредни предмети

Објавено пред

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови, козметички производи, цигари и друго.

dobivaj vesti na viber

„Пет мобилни телефони I phone 16, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. На прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување за царинска контрола, патникот, кој се пријавил за влез во државата на ВИП-терминалот, одговорил дека носи само слатки за децата. Сепак била извршена контрола на неговите патни куфери при што биле пронајдени мобилните телефони“, објави Царинската управа.

Непријавените телефони се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Откриени се и 4 рачни часовници марка „ролекс“, на скопскиот аеродром при контрола на патните торби на македонска државјанка која имала намера да отпатува со лет за Милано.

„Откако била извршена контрола на багажот, во внатрешноста на ранецот на патничката биле пронајдени часовниците. Непријавените часовници се привремено задржани а против патничката ќе биде поведена соодветна постапка“, велат од Царинската управа.

Девизи

– 16.250 евра, откриени во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, кај тројца македонски државјани пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.
Во првиот случај, во паричник на патник во автобус со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 8.300 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 6.300 евра биле привремено задржани.

Во вториот случај, во џеб од панталоните на возачот на автомобил со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 7.850 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, а 5.850 евра биле привремено задржани.
Во третиот случај, во преден џеб од фармерките на возачот на автомобил со македонски регистарски таблички како и во преградата пред совозачкото седиште, биле пронајдени вкупно 6.100 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, а 4.100 евра биле привремено задржани.

Во сите три случаи против патниците ќе бидат поведени прекршочни пријави.

Лекови

– 20.184 таблети (XARELTO, JARDIANCE, NEXIUM, LAROXYL, DAROB, BEKONIS, PLAGUENIL, GLAVUS MET), 2.880 капсули (МUSCOFLEX, QALYUIZ, URSACTIVE), 159 инекции (LANTUS SOLO STAR, RIF), 35 пакувања креми (FUCIDIN 2%, DERMOVATE 0.05%, FOSTER, METRIN 5%), 12 туби гел (VOLTAREN EMUL GEL %1, FENISTIL), 37 спрејови (MOMETIX AQ 0.05%, VENTOLIN), 36 ампули NOOTROPIL, 28 пакувања сирупи (CONVULEX, TEGRETOL, VENTOLIN, NOOTROPIL, ZIMAKS, AERIUS) и 14 лосиони MOMECON 0.15%, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Истанбул – Призрен, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. При контрола на автобусот, во фабрична празнина под резервоарот, биле пронајдени непријавените лекови. Истите се привремено задржани, а против водичот, косовски државјанин кој се пријавил како сопственик на лековите, ќе биде поведена соодветна постапка.

Уметнички слики

– 16 уметнички слики масло на платно, без потпис од авторот и без рамка, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. На прашање на царинските службеници дали има да пријави нешто за царина, возачот одговорил негативно. Сепак бил извршен преглед на возилото, при што во багажниот простор биле пронајдени сликите завиткани во картонска ролна. Непријавените слики се привремено задржани а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Разна стока

– 480 парчиња мамки за риболов и 980 држачи за трски за риболов, откриени од страна на Службата со мобилен скенер, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи биле пронајдени во кутии сместени на креветот во кабината на возилото. Истите се привремено задржани а против возачот, македонски државјнин, ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 3 употребувани технички производи, 1 употребуван моторцикл и 1 нов пневматик, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило за транспорт на возила со словенечки регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При контрола, во внатрешноста на едно од натоварените возила биле пронајдени 1 употребуван компресор за перење возила, 2 употребувани автоматски правосмукалки и 1 употрбуван миникрос моторцикл и 1 нов пневматик за моторцикл. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 278 порцелански плочки за гравирање со разни димензии, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило со српски регистарски таблички управувано од српски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При контрола на возилото, помеѓу седиштата биле пронајдени три пакети со порцелански плочки. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Облека, обувки и козметички производи

– 203 парчиња облека (маици, хеланки, тренерки, блузи, кошули, елеци, чорапи и друго), 21 пара спортски обувки и 16 ранци, откриени при контрола на товарно возило со бугарски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени над горниот кревет во кабината на камионот, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна пријава.
– 1.941 парчиња козметички производи, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При контрола на возилото во 11 пакети сместени на креветот и позади совозачкото седиште, биле пронајдени 1.851 креми за лице против флеки и пеги, 30 креми за лице ANTIAGE и 30 руменила за усни DON JUAN. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Цигари
– 12 штеки цигари без акцизни маркички, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Возилото било натоварено со хартија наменета за увозник од Радовиш. При контрола на товарот, покрај пријавената стока биле пронајдени и 6 штеки цигари MARLBORO и 6 штеки цигари LEDER, за кои возачот, македонски државјанин, изјавил дека ги набавил во фри-шоп. Непријавените цигари се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост

– 1.183 детски собни влечки со ознаки на заштитена трговска марка, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока од испраќач од Турција, наменета за фирма од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.

– 1.536 детски чизми со ознака на заштитена трговска марка, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Возилото било натоварено со стока од испраќач од Грција, наменета за фирма од Косово.

Во двата случаи, производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, и согласно законските прописи, ќе бидат поведени постапки за утврдување на нивната оригиналност.

Македонија

Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.

Фото: илустрација (depositphotos)

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори

Објавено пред

Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.

dobivaj vesti na viber

Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.

„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.

Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.

Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.

Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.

dobivaj vesti na viber

„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.

Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.

„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.

Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.

„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија12 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија15 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија17 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија18 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија18 часа

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија19 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија19 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија20 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија20 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија20 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија21 час

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет22 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет22 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа22 часа

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија22 часа

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија23 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија1 ден

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија1 ден

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија2 дена

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....