Македонија
Македонските државјани на граничните премини ќе потпишуваат писмена изјава за самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, донесе наредба за спроведување на задолжителна самоизолација за секој државјанин на Македонија кој влегува на граничните премини, а патува од високоризични или средноризични земји утврдени со Листата на светската здравствена организација на денот на кој патникот влегува во државата.
Наредбата за спроведување на задолжителна самоизолација, секој државјанин ја потврдува со давање писмена изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност која ја потпишува при влез на граничниот премин.
Непочитувањето на оваа наредба и неспроведување на задолжителната самоизолација ќе повлекува одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судскиот совет е повикан да реагира за пресудата по смртта на Теодора, смета министерот за правда

Министерот за правда Игор Филков смета дека Судскиот совет е повикан да реагира за пресудата од 2 години затвор за обвинетиот Менсур Пајазити, кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска.
Неговата изјава следува по бурните реакции во јавноста дека казната е прениска и по прозивките до судијата Елведин Феради, кој ја изрече пресудата.
Филков рече дека реакцијата на јавноста е оној глас на народот што е многу важен и кој треба да допре до сите, вклучително и до Советот, кој е повикан да реагира.
„Тие 2 процента доверба што му се доделени на судството уште еднаш се покажа дека не се бадијала“, рече министерот.
Претходно, на пресудта се осврна и премиерот Христијан Мицкоски, кој го повика Судскиот совет да го разгледа работењето на судијата Елведин Ферати и повторно да се анализира пресудата.
„Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца, силно сум разочаран. Ова не е правда“, рече премиерот.
Судијата Елведин Ферати претходно беше споменуван во јавноста како лице за кое се води предистрага дека си ги поправал оценките со пречкртување на тетовскиот универзитет. Државниот просветен инспекторат лани утврди дека три оценки во неговото досие биле променети со пречкртување. Предметот бил затворен откога јавниот обвинител ги добил документите, кои потврдуваат дека Ферати ги преполагал овие предмети и затоа претходните оценки биле пречкртани.
Теодора Ристовска беше смртно прегазена во август 2022 година. На првото судење во ноември 2023 година, по признавањето вина, Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалбата, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укина двете пресуди на Основниот и на Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.
Македонија
Ламата во скопската Зоолошка пцовисала од туберкулоза: „Направивме сѐ во лекувањето“

Ламата во скопската Зоолошка градина пцовисала од туберкулоза.
Се огласија од ЗОО Скопје велејќи дека заедно со Факултетот за ветеринарна медицина ја лекувале и третирале и било направено сѐ од медицински аспект и грижа.
„Обдукцијата и резултатите (со ПЦР-метода) кај оваа лама покажаа туберкулоза во процес постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту постои вакцина, а често и со години заболените единки не покажуваат никакви симптоми“, велат од ЗОО Скопје.
Се додава дека во соработка и советување со АХВ (Агенцијата за храна и ветерина) направени се туберкулински тестови на сите лами и секојдневно се следи нивната ситуација и се под медицински надзор.
Ламите се домашни животни од фамилијата камили, кои потекнуваат од Јужна Америка.
Македонија
Хаотични изјави на власта за царините од САД, доста беа експерименти, вели Костова од СДСМ

Хаотични и несериозни изјави на власта за царините од САД. Наместо владини експерименти со економијата, потребна е сериозност и одговорност. Ваква е оценката на СДСМ за односот на власта по царината за увоз на македонски производи од 33 отсто што ја воведе САД.
Потпретседателката на опозициската партија, Кристина Костова, изјави дека најпрвин власта тврдеше дека царините се очекувани и немало да имаат ефект, за вчера да настапи со изјава воведувањето на царините било грешка.
Ова не е само несериозност, вели Костова, туку крајна неодговорност со директни последици, врз економијата, врз државата.
„Одлуката на САД за воведување на царини до 33 отсто за Македонија – меѓу највисоките во Европа – е уште еден пораз за Владата и нејзината надворешна политика. Спектакуларните изјави дека сме влегле во периметарот и оптиката на новата американска администрација потонаа целосно. Она што загрижува најмногу е фактот дека Владата нема никаков план, нема проценка, нема насока. Не знаат што прават, каде тераат“, рече Костова.
СДСМ смета дека владата мора веднаш да седне на маса со претставници од американската администрација и да започне сериозни преговори. Секое друго сценарио, секоја избрзана мерка, како што велат од опозициската партија, може дополнително да ги влоши состојбите.