Македонија
Македонски војници затруени со јаглероден моноксид во Словенија, двајца во болница

Осум лица се затруле со јаглероден моноксид додека црпеле вода од подрумот на Домот на културата во Чрна на Корошкем.
Меѓу нив има и седум војници, кои превентивно се пренесени на лекување во болница, јавува „РТВ Словенија“.
Главниот медицински офицер на словенечката армија, Роберт Карота, соопшти дека на гасот биле изложени 32 лица, од кои 18 припадници на македонската армија, шест припадници на словенечката армија и осум пожарникари.
Сите се надвор од животна опасност, а на превентивно лекување во болницата се испратени пет припадници на словенечката армија, двајца припадници на македонската армија и еден пожарникар.
Словенија на почетокот на август беше погодена од силни поплави, во кои загинаа шест лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Подигнати 80 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир.
Во општината Карпош е интервенирано на улиците Московска и Прашка, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад.
Во општината Ѓорче Петров се подигнати 20 кубни метри кабаст отпад, одложен на тревна површина долж главната улица.
Во општината Центар се расчистени приближно 15 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно.
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Чаир, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини на улицата Цветан Димов, во непосредна близина на градинката Фидани и т.ц. Чаирчанка.
Македонија
Николоски – Лазар во Будимпешта: На Македонија ѝ се потребни пријатели како Унгарија, ја унапредуваме соработка за забрзан развој и стабилност во регионот

Македонија има силни инвестициони планови во модернизација на транспортната мрежа и во таа насока се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат конкурентноста на транспортот во регионот посебно на европските коридори, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој потенцриаше дека Македонија е силно посветена на изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта и затоа огромна е важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект.
Исто така на средбата министрите разговараа и за можноста за реализација на заеднички проекти од регионален интерес, зголемување на трговската соработка и инвестициите.
Министерот исто така информираше и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.
На средбата беа разменети мислења и ставови во делот на зголемување на билатералните и мултилатерални односи и стабилностa во регионот. Вицепрмеиерот Николоски изрази огромна благодарност за несебичноста на унгарската влада во подршката што ја овозможуваат за економско зајакнување на Македонија и за процесот на евроинтегративните процеси на земјата.
Тој исткана дека Македонија е силно посветена на европерспективите преку реформирање на значајни сегменти во судството, борбата против криминалот и корупцијата.
„Овие средби со нашите унгарски пријатели ќе донесат големи придобивки за Македонија и регионот. И веќе македонските граѓани ги чуствуваат тие придобивки. Алоциравме 100 милиони евра кон општините за нивeн развој токму преку финансиската подршка од Унгарија, а оваа година веќе 250 милиони евра се ставени на располагање исто така за проекти во општините. Имаме одлични економски и билатерални односи со Унгарија, оваа година бележиме три децении од тие односи и сметам дека тоа е плод на заедничките политики. Ова е време кога се потребни силни пријатели, а Унгарија е силен партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата“, рече Николоски.
На средбата двете страни изразија задоволство од досегашата соработка, потенцирајќи дека унапредувањето на односите меѓу двете земји е активност на која ќе работат и двете влади.
Македонија
Петрушевски: СДС го постави Трендафилов на чело на ССМ, молчеше додека беа власт, а сега глуми синдикалец

„СДС го постави Слободан Трендафилов на чело на ССМ. Тој молчеше додека на власт беа СДС, а сега глуми синдикалец. Слободан Трендафилов е избран за претседател на ССМ на еден крајно насилен начин, со изигрување на прописите. Трендафилов не можел да биде лидер на ССМ, бидејќи претходно не бил претседател на грански синдикат, туку секретар“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Нелегалното поставување на Трендафилов на чело на ССМ беше дозволено од власта на СДС, целиот државен систем го одмолче незаконието, се со цел на чело на овој синдикат да дојде послушник кој ќе биде мирен додека на власт е СДС, а ќе глуми синдикалец додека тие се опозиција. Сега Трендафилов е во целост усогласен со СДС. Но како беше? Слободан Трендафилов како синдикалец одмолче кога Талат Џафери пцуеше вработени во собранието, не реагираше на сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини, премолче систематско деградирање на работникот во време на СДС, за сега наеднаш како на тастер да се буди од зимски сон“, вели Петрушевски и додава:
„Слободан Трендафилов нема автентично делување, тој го пресликува СДС. Народот го прочита Трендафилов, затоа што со ВМРО-ДПМНЕ платите растат и во образованието и во здравството, а со растот на економијата континуирано растат и во стопанството“.