Македонија
Македонски концепт: Бугарскиот националист Ангел Џамбаски со напад врз Богојески по нарачка на Каракачанов
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки остро го нападна промоторот на Македонски концепт Петар Богојески, притоа сеејќи омраза помеѓу граѓаните на Македонија и Бугарија. Сето ова се должи на објавите на Богојески во кои повикува на разбирање од соседна Бугарија и изнаоѓање разумно, заедничко и европско решение. Според Богојески, ова е класичен напад кон него, по нарачка на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, соопшти Македонски концепт.
Според нив, „Џамбаски во својата објава вели и дека бугарското ВМРО нема да го поддржи почетокот на преговорите за членство во ЕУ на Република Северна Македонија, освен ако властите во Скопје не го спроведат Договорот за соседство веднаш и безусловно, и тоа не е предмет на преговори или какви било компромиси“.
„На овие напади Богојески одговори преку својот официјален фејсбук-профил, каде му порача на Каракачанов да не се плаши од ТВ-дуел, а доколку има потреба може да ги повика и европратеникот Џамбаски и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.
„Господин Красимир Каракачанов, нема потреба да се плашите од ТВ-дуелот! Целта не е да шириме омраза, туку да ги разрешиме проблемите на транспарентен начин! Во недостиг на таа храброст, немавте потреба да го испраќате господин Џамбаски да одговара”, пишува Богојески, додавајќи дека омразата и заканите од соседна Бугарија не запираат. Јас го разбирам господинот Ангел Џамбазки дека не може да живее без омраза, тој таков јазик користи кон различни етноси во самата Бугарија, но европската идеја не повикува на ничии корени, туку на заедничка иднина. Жално е што Бугарија има вакви европратеници, кои се чемер и јад за цела Европа. Ја разбирам желбата на некои луѓе да им служат на туѓи интереси во Бугарија и Македонија, но се надевам дека иднината ѝ припаѓа на сериозни политичари кои ќе ги надминат старите страсти и јунаци”, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

