Македонија
Македонскиот концепт е против закон за правична застапеност: нема поента еден инструмент на апартхејдот да менуваме со друг
Македонски концепт е против донесување на закон за правична застапеност. Од партијата велат дека се за еднакви права на граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат.
„Нема поента, еден инструмент на апархејдот да менуваме со друг! Новиот закон повторно ќе создаде нееднаквост. Системот на апартхејд е одамна надминат секаде во светот. Време е да заврши и во Македонија! Граѓанска држава и мерит систем, се патокази кои водат кон ЕУ, а не практики од 19ти век! Правичната застапеност не е решение, туку нова форма на нееднаквост. Меритократијата е патот кон вистинска праведност. Квотите создаваат само илузии. Граѓанска држава се гради на индивидуалните успеси, а не на колективитети. Кога способностите се заменуваат со квоти, правдата се изопачува“, велат од Македонски концепт.
Тие се залагаат за еднаквост во можностите, а не во резултатите и затоа метрит системот го сметаат за водич. Нагласуваат дека системот на вредности треба да се базира на труд и посветеност, а не на етнички предзнаци.
„Ние сме сите граѓани на Републиката и нека успехот биде наш единствен критериум. Пропадната пракса на 19-тиот век не гради иднина за 22ри век. Да застанеме сите заедно против сите видови на дискриминација, и позитивна и негативна! Само рамноправност на граѓаните! Тоа се вредностите на граѓанскиот Устав, кој е решение за сите овие прашања“, велат од партијата.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

