Македонија
Македонски концепт поднесе тужба до Управниот суд

Македонски концепт во текот на вчерашниот ден поднесе тужба до Управниот суд против решението на Државната изборна комисија да не дозволи увид и пребројување на гласачките ливчиња.
Со тужбата Македонски концепт бара да се поништи решението и да ѝ дозволи на партијата да изврши увид на вкупниот број гласови дадени на предвремените парламентарни избори и евидентирање на гласовите дадени за Македонски концепт.
Од таму истакнуваат дека овие предвремени парламентарни избори се сè само не фер и транспарентни.
„Ние од Македонски концепт не ги прифаќаме изборните резултати и сметаме дека се неверодостојни и нелегитимни. Ова што го видовме како изборно сценарио на 15 јули е груб фалсификат и рушење на сите демократски принципи врз кои треба да се темели една слободна, фер и демократска држава. Македонски концепт за ова ја информира целата домашна и меѓународна јавност“, вели Петар Богојески, промоторот на Македонски концепт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре започнува уписот во средно образование во учебната 2025-2026 година

Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во средните училишта во учебната 2025-2026 година. Пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Првото пријавување трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.
Како и во изминатите учебни години, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната година процесот целосно да се дигитализира, велат од МОН.
Конкурсот со слободни места е објавени на овој линк.
Македонија
Николоски – Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно подржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакна вицепремиерот Алекандар Николоски утрово на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.
Сијарто е во работна посета на Македонија, кој во име на Владата на Унгарија денеска ќе го потпише Договорот за стратешка соработка меѓу Владите на Македонија и Унгарија.
Поздравувајќи го потпишувањето на овој стратешки документ, вицепремиерот Николоски истакна дека соработката меѓу двете земји се издигнува на повиско ниво и истиот ќе донесе многу придобивки за Македонија преку реализација на нови инфраструктурни проекти.
Во контекст на Договорот, а во насока на развојните политики на државата, вицепремиерот Николоски го потенцира планот за економски развој на земјата, посебено истакнувајќи го развојот и модернизацијата на транспортните коридори.
На средбата, двајцата министри го потврдија партнерството засновано на силни политички односи и развиена економска соработка значајна за двете држави.
“Овој стратешки договор со Унгарија е многу значаен во време на огромни политички и економски предизвици за Македонија. Партнерството носи само бенефит а соработката со Унгарија никогаш не била на повисоко ниво.Договорот дополнително ќе ни донесе нови проекти во инфраструктурата и верувам дека оваа соработка што ја имаме со Унгарија ќе ја продлабочуваме во периодот што следи” – истакна по средбата вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Признанија за најдобрите ученици од општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски приреди прием за учениците од општинските основни училишта кои освоија високи места на државните натпревари и им додели признанија за постигнатите резултати.
Градоначалникот им ги честиташе успесите на учениците и нивните ментори и истакна дека е горд што има голем број наградени ученици од општина Илинден. Тој додаде дека локалната самоуправа посветено цели да ги промовира и поттикнува постигнатите успеси и достигнувања на учениците од општината.
На вкупно 20-тина ученици и нивните ментори и годинава им беа доделени признанија за постигнатиот успех, што претставува признание за трудот на наградените, но и мотив за останатите. Учениците беа наградени за високи достигнувања на државните натпревари по македонски јазик, англиски јазик, биологија, природни науки, како и на натпреварот по Информатичко размислување, велат од Општината.