Контакт

Македонија

Македонски полициски синдикат: Зошто се дискриминираат децата на вработените во МВР?

Објавено пред

По повод соопштението донесено на 16-та владина седница, со кое Владата информира дека донела дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот, Македонскиот полициски синдикат реагира на точката 13 од сопштението во која е нагласено: „Вработените лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови да се изземат од сите заклучоци, мерки и препораки на Владата”.

dobivaj vesti na viber

„Ако еднаквоста на човековите права е едно од главните општествени начела, а интересот за положбата на децата се смета за еден од најзначајните во секое општество кое има граѓанска определба, како синдикат прашуваме зошто се дискриминираат децата на вработените лица во Министерството за внатрешни работи.

Од тие причини го повикуваме раководството на Министерството за внатрешни работи итно да изнајде солуција за ослободување од работа и работни активности на родителот вработен во министерството во случај кога двајцата родители  работат во рамки на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови, кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение за кого е неопходна домашна грижа. Родителот да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот. Ослободување од работа и работни активности на самохраните родители вработени во Министерството за внатрешни работи. Ослободување од работа и работни активности на родителот на децата, односно лицата до 26 години кои се сместени и користат услуги во центрите за попреченост, во случај кога двајцата родители работат во рамки на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови“, се вели во соопштението.

Тие бараат да бидат ослободени од работа вработени во Министерството за внатрешни работи кои имаат хронични болести, како и бремените жени вработени во МВР.

„Сите ние вработени во Министерството за внатрешни работи, професија којашто сме ја одбрале и чесно ја работиме, сме свесни дека истата носи ризици и откажувања од многу права коишто ги има секој граѓанин на нашата држава и несомнено е дека припадниците во МВР биле, се и секогаш ќе бидат на браникот на државата и едни од најповиканите кога државата е во тешки моменти, а притоа ни е јасно дека мораме максимално да одговориме на повикот.Но, што со децата на вработените во Министерството за внатрешни работи во случај кога воспитно-образовните институции се затворени? Кој да ги згрижи нашите деца кога двајцата родители работат во рамки на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови? Каде во тој случај да ги остават своте деца вработените во Министерството за внатрешни работи: На улица? Исто така, повторно од МВР бараме преку службите за општи и заеднички работи на сите организациски единици кои при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици, чие носење ќе биде задолжително, како и средства за дезинфекција“, се вели во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Забрана за камиони кај Стража поради снег

Објавено пред

Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.

dobivaj vesti na viber

Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академија за судии и јавни обвинители

Објавено пред

Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем.

dobivaj vesti na viber

Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции и други стручни настани, како и размена на експерти и едукативни материјали. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на знаењата на идните судии и јавни обвинители во областа на уставно-судската практика и заштитата на човековите права и слободи.

„Откако сум претседател на Уставниот суд ова е трет Меморандум за соработка којшто го потпишуваме со институции на државата. Првиот беше со Правниот факултет, вториот со Здружението на правници. Очекувам најдинамична соработка со Академијата. Уставниот суд изминатите две години се соочи со природен одлив на промена на генерации. Стручната служба е р’бетот на Уставниот суд. Новата стручна служба има потреба од дополнителни знаења за да го достигне квалитетот што овој суд го имаше до пред две години. Токму во оваа насока го гледаме начинот на соработка, да нашите вработени од службата посетуваат предавања за доусовршување на Академијата. Но, идните кандидати за судии или обвинители може да имаат бенефит од знаењето и искуството кое уставните судии може да го пренесат, особено во примената на меѓународните права’, изјави претседателот Костадиновски.

Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Стрезовски, истакна:

„Денешното потпишување на Меморандумот претставува значаен чекор, поврзаноста на институциите подразбира партнерство, пред се’ во функција на владеење на правото. Можност на советниците на Уставниот суд да доаѓаат во Академијата а уставните судии да вршат обуки и предавања. За Академијата ќе претставува унапредување на наставните програми и обуки за примена на највисоките стандарди, изјави директорката Стрезовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Објавено пред

Од

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија, информира УХМР.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег.

Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија3 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија5 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија5 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ5 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија6 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија7 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија7 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија8 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија8 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет9 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет9 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет9 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа9 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа10 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа11 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет11 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ21 час

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија22 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...