Македонија
Македонски средношколци освоија еден златен и три бронзени медали на Светската олимпијада по геонауки
Еден златен и три бронзени медали освоија македонските средношколци на 13. Светска олимпијада по геонауки ИСЕО 2019, што се одржа во Дагеу, Јужна Кореја.
„Се враќаме со бронзен медал од севкупната категорија, едно злато во категоријата теренски анализи и две бронзи од практичните истражувања и презентации“, објавија од Македонското географско друштво, кое првпат учествуваше на Светската олимпијада за геонауки.

На Олимпијадата се натпреваруваа четворица ученици од нашата држава, кои Македонското географско друштво ги избра по пат на пласман на државните натпревари по географија и спроведениот селекционен натпревар. Тоа се: Сара Стојчевска, Кристина Спасовска и Јована Маниќ од СОУ Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и Оливер Куновски од СУГС „Орце Николов“ во Скопје.
Учениците ги подготвуваа д-р Ивица Милевски, д-р Свемир Горин и д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, професори на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Настанот почна на 26 август и ќе трае до утре. Олимпијадата се одржува континуирано од 2007 година, а годинава се натпреваруваа учесници од 40 земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла
Македонија
Магла во околината на Демир Капија, умерен интензитет на сообраќај на патните правци
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри во околината на Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

