Македонија
Македонците во Албанија со предлози до Заев како да се подобри образованието во Мала Преспа и Голо Брдо
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници од заедницата на Македонците во Албанија, односно Ефтим Митревски и Нико Китани, кој е и претставник на македонското малцинство во комитетот за национални малцинства при албанската Влада.
Се разговарало за повеќе актуелни прашања, како и за резултатите од продлабочената комуникација меѓу Владата и заедницата на Македонците во Албанија, информираат од владината прес-служба.
„Ќе ја интензивираме уште повеќе поддршката на принципиелно ниво, кон Македонците кои живеат и работат во Албанија. Постои позитивна политичка клима за тоа“, рекол премиерот Заев.
Претставниците на заедницата на Македонците во Албанија изнеле конкретни предлози за унапредување на квалитетот на живот и образованието на жителите од Мала Преспа, Голо Брдо и Корча.
Како што се наведува во соопштението, тие на средбата изразиле поддршка за успешните процеси што водат кон напредок на Македонија во евро-атлантските интеграции.
Договорено било контактите да продолжат низ работа на можните инцијативи што биле разгледани на средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

