Македонија
„Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси отколку авион за нашите сограѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси отколку авион за нашите сограѓани. Додека останатите земји од Европа и светот веќе ги извлекоа своите државјани од Израел, македонските граѓани молат за спас, а власта не реагира. Црна Гора, Србија, Албанија веќе пратија чартер летови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо конкретна акција, власта излегува со штури соопштенија нашите граѓани во Израел да ги следат насоките на тамошните власти, како некој да би постапил спротивно?
Ја повикуваме владата со брзината и посветеноста со која распишува огласи за коцкарски бизниси и оговара тендери во 4 очи да организира авионски превоз на нашите сограѓани кои војната ги затекна во Израел.
Наместо нашите сограѓани да се снаоѓаат сами и да се превезуваат со транспорт на други држави власта да овозможи организиран и безбеден транспорт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

