Македонија
Макрадули-Мазурек: Експерти од Полска за поуспешна имплементација на планот за чист воздух
Во рамките на Светската конференција за климатски промени – СОР 24, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, оствари средба со помошникот на државниот секретар во Министерството за животна средина на Република Полска, Славомир Мазурек.
Како што соопшти прес-службата на Министерството, на средбата било изразено обострано задоволство од добиената поддршка за министерската декларација Оn forest for the climate, предложена од Република Полска, а се разговарало и за очекувањата и одлуките поврзани со Светската конференција за климатски промени. Дополнително, во разговорите најголем акцент бил ставен на проблемот со аерозагадувањето.
„На состанокот беше договорено во рамки на ЕУ-механизмите за поддршка, учество на експерти од Полска, во обезбедување дополнителни механизми, со цел поуспешна имплементација на планот за чист воздух“, соопшти Министерството.
Полска има 10-годишна програма за чист воздух, промовирана од премиерот на државата, која за цел има справување со аерозагадувањето од домаќинствата. Во рамки на таа програма предвидена е замена на печки за затоплување на домовите, предвидени се субвенции за енергетска ефикасност, како и стимулирање на поврзувањето на центалниот систем за затоплување. Средствата за реализација на таа програма се од националниот буџет, ЕУ-средства и од поддршката на компаниите, односно од деловната заедница. Заменик-министерот Макрадули истакна дека планот за чист воздух, кој неодамна го донесе Владата, ги следи истите правци и компоненти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

