Македонија
Макрадули: Преземаме одговорност до 2024 година да не постои ниту една институција која загадува
Да не постои ниту една институција која загадува воздух, оваа обврска ја преземаме да ја реализираме до 2024 година, истакна заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, на трибината Агенда Воздух 20-24 која во организација на СДСМ вечерва се одржува во Тетово.
„Ја повикувам и опозицијата заедно со граѓанскиот сектор и академската заедница, да постигнеме договор со кој ќе утврдиме просторен план, ќе постигнеме зелена платформа“, рече Макрадули, додавајќи дека заедно сите со национален консензус треба да ја дефинираме државата со јасни подрачја каде ќе може да се градат хидроцентрали, ветерници и слично, а кои подрачја ќе бидат заштитени што и ќе им биде посочено на странските инвеститори во државата.
„Ако може шведската амбасада во Сараево да повика на примерот на Република Северна Македонија за намалување на загадувањето, тогаш да продолжиме да ги развиваме и натаму и да го постигнеме најдобриот резултат“, рече Макрадули.
Макрадули истакна дека институциите се во дослух во невладиниот сектор и сите препораки од еколошките здруженија се разгледуваат со голема сериозност.
„Примерот по кој го решаваме овој проблем не е нов. Земен e од развиените земји како Шведска, Данска, Велика Британија и други каде вродиле со позитивен резултат. Посветени сме на борбата за чист воздух и ќе продолжиме и натаму со силна решителност“, заклучи Макрадули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 12 затворени улици во Скопје, ќе се протестира против Усје
Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се наведува во соопштението.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

