Македонија
„Максим и ЗНАМ ништо не знаат за балистичкиот споменик во Воиновиќ“, вели Левицата – Куманово
„Деновиве во општина Куманово повторно изникна балистичка дивоградба на споменик на УЧК во населеното место Воиновиќ. Зачудува фактот што за дивоградбата знаат сите, освен градоначалникот Димитриевски и ЗНАМ“, велат од Левица – Куманово.
„Дали градоначалникот Максим Димитриевски овојпат ќе постапи согласно законите и ќе ја сруши балистичката дивоградба во Куманово или ќе продолжи со неговиот принцип на владеење: „ништо не знам“!?
Основоположникот на срамната придавка северна и инфлуенсерскиот патриот, кој го остава Куманово да тоне, додека тој пробува да се самореализира како претседателски кандидат, време е да се фати за работа во својот двор согласно позитивните законски регулативи!
Ваквите дивоградби го нарушуваат амбиентот на почит и почитување на државниот поредок и претставуваат директна закана по безбедноста и унитарноста на Републиката.
Жителите на Куманово се згрозени од чинот на поставување на необалистички обележја на територијата на градот, кој преставува основоположник на антифашистичката борба на македонскиот народ.
Левица бара веднаш градоначалникот Максим Димитриевски да постапи согласно со законската регулатива и да ја острани дивоградбата во село Воиновиќ и воедно го потсетува Димитриевски дека е градоначалник на град во кој пукнала првата пушка во борбата против фашистичкиот окупатор“, се додава во соопштението на Левица – Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

