Македонија
Максути: Вежбата „Сеопфатен одговор“ е показател како современите општества треба да се справуваат со предизвиците
Заменикот-министер за одбрана на Република Македонија, Беким Максути, денеска во Домот на АРМ се обрати на Денот за високи гости на вежбата „Сеопфатен одговор – Водно 2018“, која е во организација на Министерството и Инжинерискиот корпус на Армијата на САД.
На Денот за високи гости присуствуваа и командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Стивен Креј, како и директорите на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, и Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски.
Заменикот-министер Максути пред присутните истакна дека предизвиците и ризиците сè повеќе се од општествена, мигрантска, технолошка, сајбер или климатска природа, што зборува дека отпорноста на државите мора да се гради со меѓуинституционална соработка.
„Поединец, организација, институција самостојно е тешко, речиси невозможно сама да се справи со вонредности па и со помал обем. Денес сме сведоци на разулавени тајфуни од Далечниот Исток до урагани на запад кои одземаат животи и предизвикуваат големи материјални штети, но и сè повеќе сме свесни за потребата од навремено известување, брза и навремена комуникација, организација, градење на способности и капацитети и подготвеност за справување со разни вонредни ситуации и предизвици“, рече Максути.
Вежбата „Сеопфатен одговор – Водно 2018“ претставува национална командно-штабна вежба од областа на управувањето со кризи, која се реализира во периодот од 17 до 21 септември годинава. Целта на вежбата е подобрување и зголемување на националните капацитети и интер-институционалната соработка при справувањето од природни или од човек предизвикани катастрофи.
Максути порача дека токму оваа вежба е доказ дека НАТО е повеќе од воен сојуз кој помага и дава поддршка во исклучително тешки моменти како што беа поплавите во Липковско во 2015 и Скопско во 2016 година. Заменикот-министер истакна дека внатрешните реформи, но и процесот на евро-атлантска интеграција, која е во врвот на приоритетите на Владата на Република Македонија, ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите и способностите за справување со итни состојби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

