Македонија
Максути: Македонија е подготвена брзо да чекори кон ЕУ

Заменикот министерот за одбрана, Беким Максути, денеска во Австрија се сретна со генералниот секретар во Федералното министерство за одбрана, Волфганг Бауман, втор по хиерархија во австриското министерство. На средбата стана збор за билатералните одбранбени односи помеѓу двете земји, како и за начините за нивно интензивирање.
На средбата со домаќинот на посетата, директорот за одбранбена политика, генерал-мајор Јохан Франк,Максути ги претстави достигнувањата на Македонија во изминатиот период, со акцент на добрососедските односи, очекувањата за добивање на покана за членство во НАТО-Алијансата и содржините на Стратегискиот одбранбен преглед.
„Се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете министерства, особено во областа на одбранбената политика, стратегиските комуникации како и за можности за школување наши питомци во нивните воени училишта. За време на средбата беше поздравено престојното претседателство со ЕУ од страна на Австрија и беше искажано уверување за поддршка на Република Македонија на патот кон ЕУ. Стана збор за потенцијалите за дополнителен развој на билатералната соработка“, соопшти Министерството за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.