Македонија
„Мак аутостар“ од случајот „Тенк“ ќе ги сервисира возилата на Собранието на РМ
Застапникот на „Мерцедес-Бенц“ за Македонија, фирмата „Мак аутостар“ ДООЕЛ, која стана позната по случајот на СЈО, „Тенк“, од каде што сега осудените Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски противпрано го набавија „мерцедесот ЕС 600 гард“, вреден 600 илјади евра, го доби тендерот за сервисирање на возилата на Собранието на РМ, автомобилот „мерцедес ЕС 600“ и комбето „мерцедес вито“. Договорот е потпишан помеѓу генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, и управителот на „Мак аутостар“, Зоран Марковски, кој беше сведок во „Тенк“, за кој се осудени експремиерот, поранешната министерка и заменик-министерот за внатрешни работи.
„Мак аутостар“ за само една година сервисирање на овие две возила ќе добие 354 илјади денари или околу 5 илјади евра. Одржувањето, сервисирањето и поправката на возилата во цената опфаќа автомеханичарски, автоелектричарски, автолимарски и автолакерски услуги, кои ќе се вршат сукцесивно во зависност од потребата на Собранието.
Понудата на операторот „Мак аутостар“, како што стои во договорот, е избрана за најповолна во согласност со одлуката за избор на најповолна понуда заведена под бројот 05-4314/2 од 23. 8. 2018 година донесена од генералниот секретар на Собранието.
„Мак аутостар“ исто така во јули оваа година го доби тендерот од Владата на РМ за сервисирање и на мерцедесот „ЕС 600 гард“ за кој се обвинети Груевски, Јанкулоска и Поповски, во вредност од 2 милиона денари или 32.500 евра.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

