Македонија
Керим, Божиновска и Ружин дел од советничкиот тим на Османи
Составот на новоформираниот Стратешки совет за надворешна политика на Министерството за надворешни работи што денеска беше промовиран произлегува од академската заедница, дипломатијата, безбедноста, бизнис-заедницата, невладини организации и други сектори во државата.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи да партиципираат во изработката на Стратегијата за надворешната политика, „Рефлексија 2030“, доверба им даде на универзитетските професори: Нано Ружин, Марјан Ѓуровски, Сашо Георгиевски, Абдулменаф Беџети, академик Луан Старова, Ризван Сулејмани. Бизнис заедницата е претставена од Живко Мукаетов, генерален директор на фармацевската компанија „Алкалоид“, Лазим Дестани, Ајдован Адемовски.
Во тимот се и поранешните министри за надворешни работи Денко Малески и Срѓан Керим, како и Лазар Еленовски, кој беше министер за одбрана. Свое место во тимот имаат и дипломатите Мухамед Халили и Виктор Габер, како и Драган Тилев експерт за европски прашања, Тони Поповски експерт за екологија.
Од невладиниот сектор во стратешкиот совет се Гордан Горѓиев, Марко Трошановски, Симонида Кацарска, Андреја Стојковски. Меѓу другите во советот ќе партиципираат и Ивана Туфегчиќ, Арбен Раткоцери, Ѓакуш Кабаши, Ана Крстиновска, Ардита Абази-Имери, Валентина Божиновска.
„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи. Се работи за квалитетни луѓе, добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, рече министерот Бујар Османи на прес-конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

