Македонија
Малолетник уапсен во Карпош, млад скопјанец во Аеродром – фатен и кокаин во Тетово
Полициски службеници направиле претреси во Скопје, а кај двајца нашле дрога. Слична акција имало во Битола и Тетово, каде што исто така има уапсени лица.
„На подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ. С. (21) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. На подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашеста материја“, велат од МВР.
Полицијата со детали и за другите два случаја.
„Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В. Р. (40) од Битола. При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (26.6.2023), околу 23.15 часот, на улицата Видое Смилевски-Бато во Тетово, го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец Д. М. затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин“, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

