Македонија
Манчевски во Канада: Бележиме позитивни оценки за отвореноста на Владата кон граѓаните
Северна Македонија бележи позитивни оценки за имплементација на мерките за отвореност на Владата кон граѓаните, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кој учествуваше на Глобалниот самит за отворено владино партнерство што се одржува во Отава, Канада.
Министерот се обрати на панел-дискусијата насловена како: OGP in the Eastern Partnership and Western Balkans: Raising Collective Ambition, каде што се осврна на прашања поврзани со активностите кои Владата на Република Северна Македонија, ги презема во контекст на реализирање на мерките од Отвореното владино партнерство. Тој зборуваше и за процесот на политички и економски реформи, потоа идни планови и предизвици во таа насока.
Манчевски ја потенцираше важноста од постоењето доверба на граѓаните кон институциите, што се постигнува преку активна транспарентност и отворање на податоците.
„Со таа цел го отворивме и новиот портал за отворени податоци. Бројот на податочни сетови достапни во моментов е 200 од повеќе од 45 институции. Ова е повеќе од тоа што беше предвидено во Акцискиот план. Свесноста кај институциите за важноста од отворањето на податоците се зголемува, а бизнис-заедницата, медиумите, граѓанските организации се повеќе ги користат овие податоци, што е и основната цел на нивното објавување. Нашиот пристап е отворање на сите податоци, со исклучок само на тие кои се однесуваат на националната безбедност“, истакна Манчевски.
Одговарајќи на прашањето: „Како владите да ја задржат ангажираноста на граѓаните во однос на неопходните, но често болни реформи кои може да потраат пред да се покажат видливи резултати?“, министерот Манчевски рече дека овој концепт многу придонесе за земјата да се трансформира од заробена држава (како што е наведено во извештајот на Европската комисија за земјата) во вистински отворен и прогресивен пример не само на Балканот туку и ширум светот.
„Овие принципи го трасираа патот на реформите и начинот на којшто оваа влада ја практикува власта. Тоа значи дека постои силна политичка волја за воведување реформи коишто континуирано ги отвораат институциите и ги трансформираат во вистински сервис за граѓаните“, додаде Манчевски.
Покрај министерот, меѓу другите, свое обраќање имаа и Едуард Агаџанијан, шеф на кабинет на ерменскиот премиер, Елена Берадзе, заменик-раководител во грузиската агенција за администрација високи претставници на грузискиот Институт за развој на слободата на изразување, како и на украинскиот „Транспаренси интернешенел“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

