Македонија
Манчевски и Царовска на министерка конференција во Мароко
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се обратија на министерската конференција што се одржува во Маракеш, Мароко, во рамки на меѓународниот форум за јавна администрација на тема: „Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој”, во организација на Обединетите Нации.
Министерот Манчевски и министерката Царовска, зборуваа за обезбедувањето на јавни услуги достапни за сите граѓани. На овој начин, потсетувајќи на заложбите за доближување на услугите што јавната администрација ги нуди, до граѓаните, го одбележаа и Меѓународниот ден на јавните услуги.
Министерот Манчевски се осврна на клучните принципи по кои се води Владата во своето работење, а тие се транспарентност и инклузивност во креирањето на политики и дигитализација на администрацијата.
„Во изминатата година превзедовме голем број на мерки и активности, во правец на вклучување на сите засегнати страни во започнатите процеси како и целосно информирање на јавноста за превземените активности. Во тој правец, беше одлуката за се зголеми бројот на денови за коменитрање на ЕНЕР, од 10 на 20 дена, со цел оставање на поголем простор за вклучување на граѓанските организации, академијата, бизнис заедницата и граѓаните при донесувањето на нови закони, измени на закони…Пример за вклучувањето на сите засегнати страни во креирањето на политики е изработката на сите стратегии на кои работеше и работи МИОА во моментов. Тоа се Стратегијата за реформа во јавната администрација, стратегијата за широкопојасен интернет, за отворени податоци и за сајбер безбедност“, истакна Манчевски.
Што се однесува на зголемување на квалитетот и достапноста на јавните услуги, министерот Манчевски информираше за националниот портал за е-услуги, проектот „Една точка за услуги“ и проектот за креирање на електронски идентитет на граѓаните.
„Сите овие проекти имаат една цел, а тоа е преку можностите што ги нуди дигитализацијата да ги донесеме услугите до граѓаните. Да го подобриме квалитетот и сликата за јавната администрација, како сервис во служба на граѓаните. Само кога граѓаните ќе ги имаат сите информации за работењето на институциите и ќе бидат вклучени во сите процеси, саом тогаш ќе имаме политики и мерки кои одговараат на потребите на сите граѓани“, заклучи министерот Манчевски.
Министерката Царовска зборуваше за заложбите и активностите на министерството за труд и социјална политика во однос на пристапноста до јавните услуги за сите категории на граѓани. „Оваа Влада е целосно посветена на остварување на Целите за оддржлив развој. Наша крајна цел е да изградиме хумано општество на просперитет и благостојба за сите граѓани и никој да не биде изоставен. Само со обезбедување на добри услови за живот, достоинствен приход и квалитетни услуги, може да се надеваме на одржлив развој. Работиме интензивно на проширување ма мрежата на градинки, особено во руралните средини, воведување нови услуги на локално ниво како персонална асистенција, пилотирање на младинската гаранција и целосно реформирање на системот за социјална заштита”.
Министерката Царовска се осврна и на родовата еднаквост како клучен предуслов за равој на еднакво и демократко општество. „Родовата еднаквост е моја лична заложба и програмска цел на Владата на Република Македонија. Преземавме значајни чекори во насока на искоренување на сиромаштијата кај жените. Со промена на законот за минимална плата се намалува разликата во платите меѓу мажите и жените. Ја ратификуваме Истанбулската конвенција за борба и заштита од сите видови на насилство врз жените и семејното насилство”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

