Македонија
Манчевски меѓу граѓаните на Демир Хисар: Промените носат подобар живот и на локално ниво

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, вчера беше во посета на Демир Хисар каде се сретна со граѓаните на оваа општина, како и со членови и поддржувачи на партијата.
На средбите се разговараше за реализација на мерките од програмата за подобрување на стандардот на граѓаните како и за инвестициите во инфраструктурата, многу значајни сегменти за подобрување на животот на граѓаните.
„Подобар живот за сите граѓани е наша приоритена цел на која работиме и затоа спроведуваме мерки и проекти во кои се опфатени сите општини. Рамномерен регионален развој и подобар живот и на локално ниво, во секое населено место е она за кое што се залагаме“, рече Манчевски.
Рехабилитација на постоечките патишта, водоводната и канализациона мрежа се она на кое што се работи и во Демир Хисар.
„Граѓаните на Демир Хисар знаат. Како Влада започнавме сериозен циклус на инвестиции во инфраструктурата за изградба и реконструкција на 60 патни правци низ целата држава, а во реализација се и над 30 проекти во комуналната инфраструктура. Тука би ја спомнал и изградбата на канализациона мрежа со подтретман на отпадните води во оваа општина, иневстиција којашто е дел токму од тие проекти во комуналната инфраструктура“, додаде Манчевски.
Манчевски со граѓаните зборуваше и за мерките во земјоделството кои го олеснуваат животот на земјоделецот, спроведените мерки кои ги намалуваат трошоците за живот, го подобруваат животниот стандард на граѓаните и враќаат повеќе пари кај граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.