Македонија
Манчевски: Улогата на медиумите е да ги мотивираат граѓаните да бидат коректив на власта
По повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, порача дека слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество.
„Тие се важна алка за градење развиена држава, за социјален и економски напредок и одржлив развој. Нападот врз слободата на медиумите е напад врз владеењето на правото и напад врз човековите права. Меѓународниот ден на слободата на печатот, што го одбележуваме денеска, нека биде потсетник за сите нас, за нашите заложби изминатите години за слободата на медиумите, но и ден кога медиумските работници ќе се потсетат на својата клучна улога во општеството. Јавноста мора да биде постојана контрола на власта. Важноста на медиумите е огромна, особено во областите на правдата и владеењето на правото. Затоа, важна е транспарентноста на политичките процеси, независноста на медиумите и медиумската писменост. А од најголема важност за тоа да се постигне е отчетноста на државните институции кон јавноста“, вели Манчевски.
Измените во законот за АВМУ, подготвени заедно со сите засегнати страни, според Манчевски, гарантираат услови за професионализација на медиумските тела. Тие, како што рече Манчевски, овозмужуваат слободно и независно работење на медиумите во државата.
„Најважно од сè, даваат шанса за политичарите да ги тргнат рацете од медиумите. Медиумската заедница треба да ја преземе контролата врз медиумскиот сектор. Овој закон овозможува дополнителни механизми за саморегулација. Но, и медиумите мора да бидат на висина на својата задача и да ја стекнат и зачуваат довербата на граѓаните. Долго време бевме сведоци на пристрасно, нефер, небалансирано или едноставно лажно известување. Денес, секој со интернет-конекција и паметен телефон може да објавува, во секое време, насекаде. Но, тоа не е новинарство. Кога новинарите и уредниците ја игнорираат нивната одговорност да ги потврдат своите приказни и точно да известуваат, ги поткопуваат интегритетот на својата професија и довербата на граѓаните.
Да не заборавиме дека улогата на медиумите не е само да известуваат, туку и со известувањето да ги мотивираат луѓето да бидат постојан коректив на власта. Доброто владеење и слободата на медиумите се меѓусебно зависни. Само кога новинарите ќе добијат простор да работат слободно, да набљудуваат, да поставуваат прашања и да известуваат, без страв од притисоци и закани, само тогаш сите граѓани може да бидат сигурни дека носителите на одлуки ќе се придржуваат до највисоките стандарди“, порача Манчевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Доста ни е од веќе видени пратеници и од гласање за помалото зло
„Во програмата имаме 13 поглавја кои го опфаќаат секој аспект од општественото живеење. Главната порака до граѓаните е да го заокружат бројот 5 на гласачкото ливче и да дозволат млади неподмитливи луѓе да ги застапуваат, бидејќи доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло. На тој начин ќе спречиме многу штетни политики“, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев од Прилеп, презентирајќи ја предизборната програма на неговата партија во пресрет на парламентарните избори.
-По првиот круг не паѓаме со духот, туку продолжуваме со првичната замисла, додаде Апасиев.
Партијата Левица очекува поддршка од прилепчани каде, како што велат од оваа партија, имаат реална основа за тоа.
– Земјоделството мора да биде планско. Планираме да се пополнуваат стоковите државни резерви строго со домашно производство, со однапред склучени договори за земјоделците да имаат некаква сигурност во производството. Планираме фиксни откупни цени, државни откупни центри за да не можат прекупците да ја местат цената како што ним им одговара, ладилници за складирање на произведената храна од кои ќе се снабдуваат Армијата, градинките, училиштата, болниците. Мерките, генерално ни се насочени кон државна интервенција во земјоделството, а не да биде оставено стихијно. Во стопанството планираме рестартирање или отворање државни профитабилни фирми во секоја стратешка стопанска гранка, рече носителот на кандидатската листа на пратеници во четвртата изборна единица, Сашко Јанчев при претставувањето во Прилеп.
Македонија
Спасовски од Шуто Оризари: Да не се попречува изборниот процес
Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина од ИЕ2, Оливер Спасовски, имаше свое обраќање во Шуто Оризари.
„Денеска продолжуваме со изборната кампања во Шуто Оризари на разговор со граѓаните за претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Сакам да се сретнеме со сите граѓани, да влеземе во секоја куќа во општината Шуто Оризари, да поразговараме со секого за нашата перспектива на Македонија”, рече Спасовски. Притоа, тој ја истакна важноста да се гласа на 8 мај.
„Многу е важно граѓаните да останат смирени и овој втор круг од изборите да помине во демократска атмосфера. Упатувам порака до сите оние се дрзнуваат на било кој најчин да го попречуваат изборниот процес, да се закануваат, да навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности. Да ги почитуваат граѓаните и на мирен, фер и демократски начин да заврши изборниот процес. Воедно ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски заокружувајки го бројот 1, и да гласаат за листата на пратеници исто така под број 1 за коалицијата за европска иднина”, порача Спасовски.
Македонија
Меџити: Сите бегаат од ДУИ како од корона
Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, чија партија е дел од коалицијата ВЛЕН рече дека „на ВМРО-ДПМНЕ ѝ треба албански партнер како ВЛЕН, за да биде целосна сликата“.
-Од ДУИ денес сите бегаат како од корона. Дури и ВМРО-ДПМНЕ и Максим Димитриевски бегаат од ДУИ и не сакаат влада со нив, рече Меџити на средби со граѓани во општина Чаир и во Сарај.
Ветува решавање на клучните проблеми на граѓаните во нивните општини.
За Меџити, само на тој начин ќе се претендира за европски вредности и европски фронтови. Немањето канализација и елементарни услови за живот е недозволиво, истакнува тој.