Македонија
МАН: Очекуваме разрешница на последните случаи на закани до новинари

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи за разрешница на последните закани до новинари.
„Министерот Чулев вети дека ќе се грижи за безбедноста и сигурноста на новинарите и медиумските работници и затоа МАН ја поздравува брзата разрешница на заканите кон новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска. Ваквиот чекор ја зголемува безбедноста при извршување на новинарската професија, а истовремено придонесува да се зголеми уверувањето дека сите мора да ги почитуваат законите и Уставот.
Истовремено, потсетуваме дека постојат десетици нерешени случаи на насилство, закани и напади кон новинари и медиумски работници со цел да им се ограничи слободата на изразување, кои очекуваме во следниот период да бидат разрешени, се вели во соопштението.
Според МАН, правото на слобода на изразување не го вклучува само индивидуалното право на слобода на изразување, туку и остварувањето на истото од страна на медиумите. „Нашата земја ги има ратификувано меѓународните правни акти и инструменти, гарантирајќи и регулирајќи ја заштита на правото на слободата на изразување. Со тоа Република Македонија има обврска за почитување, гарантирање и заштита на слобода на изразување кое во исто време е инкорпорирано во член 16 од Уставот“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.