Македонија
Мапирани критичните точки за безбедност пред училиштата во Карпош
Критичните точки на патот од училиштето до домот беа мапирани од ученици од десетте основни училишта во Карпош во рамките на проектот „Детективи на патот – зелени стапалчиња“. Денеска, учениците што учествуваа во проектот имаа средба со градоначалникот Стефан Богоев и пред него ги презентираа главните пречки, критични безбедносни точки во сообраќајот на патот од домот до училиштето.
Најпрвин учениците и наставниот кадар изразија благодарност што врз основа на ланскиот извештај од проектот е унапредена безбедноста пред сите основни училишта и Општината постапила по нивните насоки. Поставени се лежечки полицајци пред училиштата: „Јан Амос Коменски“, „Димо Хаџи Димов“, „Вера Циривири – Трена“ и „Братство“, а во тек е и поставување вакви платформи и пред „Војдан Чернодрински“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“.
Исто така, минатата година учениците предложија „Прашка“ да биде еднонасочна и овој предлог веќе е реализиран кога општинските служби, Град Скопје и СВР Скопје утврдија дека е возможно такво сообраќајно решение.
Од оваа учебна година пред сите училишта има и задолжени лица за регулација на сообраќајот со цел да се овозможи полесен пристап на младите до образовната установа.
Учениците денеска споделија нови препораки и сугестии за надминување на проблемите. Зборуваа за обележување на пешачките премини, ослободување на тротоарите од возила, поголемо користење велосипеди и електрични тротинети, засадување ново зеленило, уредување на училишните дворови, нови детски игралишта и слично.
Градоначалникот Богоев им се заблагодари на учениците за споделеното и посочи дека тие навистина ѝ помагаат на Општината имајќи предвид дека сме во период кога се креира буџетот за 2020 година и граѓанското учество е важно за да создадеме буџет според потребите на сите граѓани во заедницата. Извештајот од овој проект ќе биде презентиран и на самитот за заштита на климатските промени на Обединетите нации, кој оваа година, од 2 до 13 декември, ќе се одржи во Мадрид, Шпанија. Општина Карпош е единствената локална самоуправа од Македонија која ќе биде застапена со презентација на проект на овој самит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

