Македонија
Маричиќ: Имаме обврска да обезбедиме еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот живот
Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на „Промоцијата на наодите од мониторингот на парламентарните избори и гласањето на лица со попреченост“ кажа дека институциите и политичарите имаат обврска да обезбедат еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот живот и да го гарантираат нивното право на глас.
„Неспорно е дека бројни други проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост при реализација на политичките права остануваат отворени во моментот, но факт е дека голем дел од нив не се предмет на Изборниот законик, туку на практиката и организацијата на гласањето. Една од нив, согласно меѓународните обврски, е обезбедувањето целосна пристапност на процесот на гласање за лицата со попреченост. Оваа обврска е нешто што сериозно треба да биде сфатено од страна на ДИК, избирачките одбори и локалната власт, имајќи предвид дека исполнувањето на оваа препорака пред сè е предмет на организација и е во нивни раце“, рече Маричиќ.
Министерот за правда во обраќањето кажа и дека со претстојниот попис, меѓу другото, ќе се добијат релевантни информации и за лицата со посебни потребни, односно со каков вид тешкотии се соочуваат, дали користат помагала или помош од друго лице.
„Сите овие информации ќе бидат повеќе од корисни при креирањето на сите мерки и политики, со кои ќе им се олесни животот на овие наши сограѓани и дополнително ќе се гарантира нивното учество во сите аспекти на политичкиот живот“, рече министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

