Македонија
Маричиќ: Имаме препознаен напредок од ЕК и ни претстојат нови можности
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната заедничка прес-конференција со шефот на Делегацијата на ЕУ во земјата, Гир, рече дека Северна Македонија доби позитивен годишен извештај на Европската комисија за 2022, прв по отворањето на преговорите во јули оваа година и дека според него имаме одржливи реформи, имаме препознаен напредок и ни претстојат нови можности.
„Од аспект на вкупната подготвеност, Северна Македонија сè уште стои најдобро во регионот во кластерот фундаментални вредности, кој е најважен за динамиката на преговорите, но и во кластерот ресурси, земјоделство и кохезија. Во кластерот конкурентност и инклузивен раст и во кластерот зелена агенда и одржлив развој сме веднаш зад Црна Гора и Србија, кои веќе една деценија преговараат, а кај кластерот внатрешен пазар и кај кластерот надворешни односи сме приближно на исто ниво со овие две земји“, посочи Маричиќ.
Во извештајот за 2022 стои дека Европската комисија го поздравува почетокот на преговарачкиот процес, што беше потврдено и од страна на комесарот Вархељ за време на вчерашната прес-конференција, на која изјави дека: „Одржувањето на меѓувладината конференција на 19 јули 2022 година е нова пресвртница во односите меѓу Северна Македонија и ЕУ бидејќи пристапните преговори почнаа“.
Според вицепремиерот Маричиќ, ова е признание за континуираната посветеност на Северна Македонија и постигнувањата во спроведувањето на реформите, особено во кластерот фундаментални вредности, каде што се оценува дека напредокот во правосудството расте и се бара да продолжи трендот на независно и самостојно работење.
Во продолжение на прес-конференцијата Маричиќ се осврна на кластерите преку анализа на извештајот, кој, како што вели вицепремиерот, секогаш дава објективен пресек на состојбите и напредокот во реформите и ги идентификува областите во кои треба да ги зголемат напорите и да испорачаат повеќе резултати.
„Од аспект на остварениот напредок, задржано е темпото на напредок или има подобрување во 23 од вкупно 43 области/поглавја, а во другите 20 области има ограничен или помал напредок. Од аспект на подготвеноста, во речиси 90 % од областите имаме делумна или добра подготвеност, потенцира Маричиќ, додавајќи оти тоа е показател дека и покрај сите внатрешни, но и надворешни предизвици со кои се соочуваме, сепак имаме стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата, што треба да биде поттик повеќе за сите.
– Во Извештајот на Европската комисија стои дека Северна Македонија недвосмислено ја потврди стратешката определба кон Унијата, меѓу другото и со фактот што беше прва земја од регионот која се придружи кон сите осуди, санкции и рестриктивни мерки поврзани со руската агресија на Украина со постигнување на 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, за што имаме и највисока оценка досега. Овој чекор на дело покажува дека Северна Македонија е партнер на Унијата и имајќи ги предвид тековните предизвици со кои се соочуваме сите, би ја искористил можноста да дадам апел дека очекуваме земјата и регионот да бидат вклучени во механизмите на ЕУ за снабдување со енергија и храна, рече вицепремиерот Маричиќ.
На крајот вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ рече дека остануваат посветени на реформите и дека треба обединување за оваа национална задача за што е потребно заеднички да се работи за надминување на слабостите нотирани во извештајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

