Македонија
Маричиќ – Маровиќ: Црна Гора е наш значаен регионален партнер на патот кон ЕУ
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, вториот ден од работната посета на Париз го почна со средба со вицепремиерката за надворешни политики за ЕУ-интеграции и регионална соработка на Црна Гора, Јована Маровиќ, на која разговараа на повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на напредокот на двете земји во реформите и процесот на евроинтеграција.
„Северна Македонија и Црна Гора дејствуваат европски со иста цел – полноправно членство во ЕУ. Црна Гора е наш важен регионален партнер на патот кон европската интеграција“, истакна вицепремиерот Маричиќ.
На средбата Маричиќ и Маровиќ разговараа за европската агенда и регионалната соработка потврдувајќи дека двете земји посветено работат на трансформација на општеството, градено врз европските вредности и стандарди и дека цврсто чекорат на вистинскиот пат. Маровиќ истакна дека иднината на двете земји е заедничка и иста – полноправно членство во Европската Унија.
Маричиќ на средбата ги потврди одличните билатерални односи кои ги имаме со Црна Гора, кои постојано се развиваат и усовршуваат, а најави и дека соработката на полето на европските интеграции во следниот период ќе се интензивира.
„Од голема корист ќе бидат размената на искуства и добрите практики на Црна Гора во преговарачкиот процес“, дополни Маричиќ.
Втор ден вицепремиерот Маричиќ престојува во работна посета на Франција, а во текот на денешниот ден ќе оствари средба и со Изабел Думонт, политичката советничка за Балкан на претседателот Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

